Ерменски јазик

(Пренасочено од Ерменски)

Ерменскиот јазик спаѓа во групата на индоевропските јазици. Овој јазик претежно се згорува во Кавказ (односно република Ерменија). Ерменскиот јазик претставува еден вид самостоен јазик кој нема свои блискости на друѓи јазици. Многу јазичари сметаат дека овој јазик е составен од трите мртви јазици: фригискиот, тракискиот и дакискиот јазик. Од денешните јазици, кои сѐ уште се во употреба, грчкиот јазик е најблизок со ерменскиот.

Ерменски јазик
հայերէն
„Ерменски јазик“ со ерменската азбука
Изговорхајерен
Застапен воЕрменија и уште 29 земји во светот
ПодрачјеКавказ
НародЕрменци
Говорници6,7 милиони  
Јазично семејство
Индоевропски јазици
  • ерменски јазик
Писмоерменска азбука
Статус
Службен во Ерменија
Регулативен органНационална академија на науките
Јазични кодови
ISO 639-1hy
ISO 639-2arm (B)
hye (T)
ISO 639-3arm
{{{mapalt}}}
  Официјален јазик што го зборува мнозинството
  Признат малцински јазик
  Значителен број на говорници

Ерменскиот јазик се зборува од страна на околу 3 000 000 луѓе. Ерменскиот јазик низ историјата се развива во два периоди: писмен и усмен. Писмениот од своја страна се разделува на:

  • Древноерменски или класичен период, од 5 век до 11 век. Овој јазик и ден денес е во употреба но како службен јазик на црквата.
  • Средноерменски период, од 12 до 16 век.
  • Новоерменски (современ ерменски) период, од 17 век до денес.

Ерменската азбука била создадена од страна на Месроп Маштоц во текот на 406 година.

Историја

уреди

Ерменскиот јазик претставува засебна гранка на индоевропските јазици.[1] Тоа е од интерес за лингвистите поради неговите карактеристични фонолошки промени. Ерменскиот јазик покажува повеќе сатемизација, отколку кентумизација, иако не е класифициран во ниту една од овие подгрупи. Некои лингвисти привремено заклучуваат дека ерменскиот, грчкиотфригискиот), албанскиот и индо-иранските јазици дијалектички биле блиски еден на друг;[2][3][4][5][6][7] во рамките на оваа хипотетичка дијалектна група, праерменскиот бил сместен помеѓу прагрчкиот (кентумска подгрупа) и праиндоиранскиот јазик (сатемска подгрупа).[6] Роналд И. Ким забележал уникатни морфолошки карактеристики кои го поврзуваат ерменскиот со балто-словенските јазици.[8]

Наводи

уреди
  1. „Armenian language“. Encyclopedia Britannica. 21 November 2023.
  2. Mateescu, Alexandru; Salomaa, Arto (1997). „Formal Languages: an Introduction and a Synopsis“. Во Rozenberg, Grzegorz; Salomaa, Arto (уред.). Handbook of Formal Languages. 1. Springer. стр. 6. ISBN 3-540-60420-0.
  3. „Indo-European tree with Armeno-Aryan, exclusion of Greek“. Архивирано од изворникот на 2018-05-14. Посетено на 2014-04-04.
  4. Fortson 2004, стр. 383
  5. Holm, Hans J. (2011). „'Swadesh lists' of Albanian Revisited and Consequences for its position in the Indo-European Languages“. The Journal of Indo-European Studies. 39 (1–2).
  6. 6,0 6,1 Martirosyan, Hrach (2013). „The place of Armenian in the Indo-European language family: the relationship with Greek and Indo-Iranian“. Journal of Language Relationship. 10 (1): 85–138. doi:10.31826/jlr-2013-100107. S2CID 212688448.
  7. Clackson, James P. T. (2008). „Classical Armenian“. Во Woodard, Roger D. (уред.). The Ancient Languages of Asia Minor. Cambridge University Press. стр. 124. doi:10.1017/CBO9780511486845.014. ISBN 9780521684965.
  8. Kim, Ronald (2018). „Greco-Armenian: The persistence of a myth“. Indogermanische Forschungen. The University of British Columbia Library. 123 (1). doi:10.1515/if-2018-0009. S2CID 231923312 Проверете ја вредноста |s2cid= (help). Посетено на 9 June 2019.