Египет првпат учествувал на Олимписките игри во 1912 година, и имаат испратено спортисти да се натпреваруваат на повеќето Летни олимписки игри оттогаш. Заедно со Ирак и Либан, Египет ги бојкотирал игрите во 1956 година како протест на тројниот напад на Египет во Суецката војна од страна на Израел, Британија и Франција. Сепак, екоњичките спортови за Летните олимписки игри 1956 година биле одржани во Стокхолм, Шведска пет месеци порано (поради австралиските закони а карантин), па на истите се натправарувале тројца египетски спортисти. Египет се повлекол од игрите во 1976 по три дена за да се придружи на широкиот бојкот поради учеството на Нов Зеланд, кои биле во спортски врски со апартхејдот во Јужноафриканската Република. Египет исто така се придружил и на бојкотот на игрите 1980 година. Египет бил претставен на Зимските олимписки игри од еден единствен алпски скијач во 1984 година.