Држилово (Негушко)
Држилово (грчки: Μεταμόρφωση, Метаморфоси; книжевно: Μεταμόρφωσις, Метаморфосис; до 1928 година: Δροζέλοβο, Дрозелово или Ντραζίλοβο, Δραζίλοβο, Дразилово[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.
Држилово Μεταμόρφωση | |
---|---|
Координати: 40°41′N 21°59′E / 40.683° СГШ; 21.983° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Негуш |
Општ. единица | Негуш |
Надм. вис. | 950 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 9 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 592 00 |
Повик. бр. | 23320 |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 13 километри северозападно од градот Негуш, на надморска височина од 950 метри.[3]
Сместено е во североисточните пазувите на планината Каракамен, оддалечено е 4 километри од селото Голема Река.
Историја
уредиДо почетокот на XIX век, Држилово било богато село. Држилово е познато историско село по своето масовно учество во Негушкото востание во 1822 година, кога потполно настрадало, а неговите жители кои успеале да се спасат се раселиле во источна Македонија, во Пиринска Македонија, во Солун и на други места. Од тука потекнува и семејството Држиловци, познати по својата македонска печатница во Солун.[3] Било уништено од Мехмед Емин-паша. 40 држиловци, заедно со 25 теовчани, го обезбедиле префрлањето на жените и децата од Негуш.[4]
По Негушкото востание, селото не било обновено и само повремено се користело од влашките сточарски семејства, но не било населено сè до 1924 година, кога тука биле населени грчки бегалци од Понд.[3]
Во 1928 година, името на селото било променето во Метаморфосис (Μεταμόρφωση).[5]
Повторно се распаднало за време на Граѓанската војна (зимата 1947 г.), а неговите жители се преселиле во градот Негуш, но продолжиле да ги користат своите имоти.[3]
Стопанство
уредиСеланите, како и иселениците кои повремено го посетуваат, главно ги користат своите имоти за ситно земјоделство.[3]
Денес, во Држилово работи голема фарма „Дразилово“ за одгледување на свињи.[6]
Население
уредиОбновеното село, првпат се појавува во пописот од 1928 година, како чиста бегалска населба, кога бројот на жители изнесувал 57, а во 1940 година 115 жители. По Граѓанската војна, селото повторно се распаднало и само повремено е посетувано од страна на некогашните жители, кои се преселиле во градот Негуш. Бидејќи селото не било обновено, во подоцнежните пописи било забележано како населба без жители, но во последните години некои од нив започнале да се враќаат и да го обновуваат. Во пописот од 1991 година биле забележани 71 жител.[3]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 7 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 9 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 115 | — | — | — | — | 71 | 7 | 9 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Негуш со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Голема Река, во кој покрај селото Држилово влегуваат и селата Голема Река и Куцуфљани.
Личности
уреди- Родени во Држилово
- Иван Хаџилазаров — солунски трговец
- Кирјак Држилов (?-1877) — писател и просветен деец
- Константин Држилов (?-1890) — писател и просветен деец
- Други
- Георги Динков (1839-1876) — просветен деец, син на Константин Држилов
- Периклис Хаџилазару (1857-1917) — политичар
- Славка Динкова (1848-1878) — просветна работничка
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δροζέλοβον - Μεταμόρφωσις
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 35.
- ↑ Η επανάστασις και καταστροφή της Ναούσης, Νικόλαος Γ. Φιλιππίδης, Αθήνα 1881, Εκδόσεις Αδελφών Βαρβαρρήγου, σελ. 60
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Φάρμα Ντραζίλοβο“. Архивирано од изворникот на 2008-10-15. Посетено на 2016-03-13.
Белешки
уреди- Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.