Драганчо Илиевски
Драганчо Илиевски (Скопје, 9 февруари 1969 – Попова Шапка, Тетовско, 17 март 2001) бил македонски бранител, постар водник во АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 17 март 2001 на Попова Шапка при пад на хелихоптерот Ми-17.[1]
Драганчо Илиевски | |
---|---|
09.02.1969 – † 17.03.2001 (31 г.) | |
Роден во: | Скопје, СР Македонија |
Починал во: | Попова Шапка |
Служба во: | Македонија |
Чин: | Постар водник во АРМ |
Битки/војни: | Војна во Македонија 2001
|
Одличја: | Медал за храброст |
Животопис
уредиЖивот, војната 2001 година и смрт
уредиГолема чест е да се чуваат и бранат граничните меѓи на родната земја. Со тоа вековно чувство, сегашните генерации кои доживеаја да живеат во независна македонска држава ја преземаат и извршуваат задачата со голем предизвик - бранител на Република Македонија. Тоа возвишено чувство силно се препознаваше во динамичниот и мошне почитуван постар водник прва класа Драганчо.
Задачата го одведе на планинска убавица, Шара која толку многу ја сакаше и познаваше, неизмерно со војниците и се радуваше и возхитуваше, никогаш не претпоставувајќи дека токму тука, недалеку од караулата ќе биде местото на последната издишка на Драганчо, син и најголема радост на мајката Мира и таткото Глигор; домаќин на сопственото семејство и неговото и на сопругата најголемо богатство во синот и ќерката кои останаа сираци кога татковата помош најмногу им требаше.
Загина на 17 март 2001 година, на 31 години за да споменот за него вековито трае. Драганчо Илиевски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Хеликоптер на АРМ се урна на Попова Шапка, еден загинат“. Вест. 19 март 2001. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-01-28.
- ↑ „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2017-07-03.