Долни Манастирец
Долни Манастирец — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Долни Манастирец | |
Улица низ селото | |
Координати 41°37′36″N 21°12′38″E / 41.62667°N 21.21056°E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Македонски Брод |
Област | Порече |
Население | 147 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6533 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03031 |
Надм. вис. | 500 м |
Долни Манастирец на општинската карта Атарот на Долни Манастирец во рамките на општината | |
Долни Манастирец на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Порече, во средишниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, од левата страна на реката Треска.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 500 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 19 километри.[2]
Има голем атар, кој зафаќа површина од 18,6 км2, кој го дели со селото Горни Манастирец. На него преовладуваат шумите на површина од 1.270,3 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 188,3 хектари, а на пасиштата само 76,2 хектари.[2]
Историја
уредиВо XIX век, Долни Манастирец било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Стопанство
уредиСелото има полјоделско-шумарска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Манастирец (Горни и Долни, заедно) имало 410 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Манастирец (Горни и Долни, заедно) имало 480 жители.[5]
Во Долни Манастирец, бројот на населението по пат на иселување, се преполовил. Така, во 1961 година селото броело 309 жители, а во 1994 година 133 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Долни Манастирец имало 169 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 147 жители, од кои 135 Македонци, 9 Роми, 1 Србин и 2 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 410 | 480 | 242 | 329[8] | 309 | 232 | 243 | 152 | 133 | 169 | 147 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиДолни Манастирец, Горни Манастирец и Старо Село (во минатото наведените три села биле сметани како едно) се чисто македонски православни села. Селата се состојат од четири маала: Старо Село, Ново Село, Мало и Василковци. Во селата има староседелски и доселенички родови.
Родови во Старо Село се:
- Староседелци: Ѓурчевци (4 к.), Данковци (4 к.) и Милошевци (2 к.), Милошевци трипати се селеле во Модриште и се враќале назад.
Родови во Ново Село се:
- Староседелци: Велковци (13 к.), Учумовци (5 к.), Митревци (10 к.), Бунташевци (6 к.) и Веселиновци (1 к.), порано живееле во маалото Старо Село. Учумовци и Велковци се еден род. Учумовци некое време живееле и во Драгов Дол. Митревци некое време живееле во скопско и тетовско;
- Доселеници: Чкорлевци (2 к.), доселени се од некое место во околината на Скадар во Албанија.
Во Мало се родовите:
- Староседелци: Кочовци (9 к.), Жежовци (4 к.) и Кокаревци (4 к.), се еден род и се староседелци, порано живееле во Старо Село;
- Доселеници: Петковци (8 к.) и Клишуровци (6 к.), потекнуваат од заеднички предок кој дошол како домазет однекаде.
Во маалото Василковци е само родот:
- Доселеници: Василковци (8 к.), основачот на родот Василко дошол од Охридско, кај Кочовци и тука останал и се оженил и основал маало.
Општествени установи
уреди- Пошта (6533)
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Манастирец, во која влегувале селата Горни Манастирец, Долни Манастирец, Драгов Дол, Инче, Томино Село и Тополница.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Долни Манастирец, во која покрај селото Долни Манастирец се наоѓале селата Горни Манастирец, Горно Крушје, Долно Крушје, Драгов Дол, Слатино, Томино Село и Тополница.
Во периодот 1955-1957, селото било седиште на тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачко место бр. 0244 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Долни Манастирец и Старо Село, кое е сместено во Селскиот дом во Долни Манастирец.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 102 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 99 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[16]
- Црква — населба и некропола од доцноантичко време.
- Цркви[17]
- Црква „Св. Ѓорѓи” — главна селска црква
Личности
уреди- Арсо Јованоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Аритон Иваноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Генадија Ристески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Јованче Симјаноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Радомир Василески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Трајче Трендафилоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Димче Милошески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Спасе Давески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Илија Брајаноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Миладин Илиески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Мицко Божиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Кочо Кочоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Лазе Велески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Рпсте Дабески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Димитрија Павлески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Стале Николоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Мицко Јованоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Трпе Богатиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Костадин Милошески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Вукашин Синадиноски (1911 - 1944) - (од Горни или Долни Манастирец) — загинат во НОБ.[19]
- Радован Крстески (1911 - 1944) — загинат во НОБ.[19]
- Стојан Василески (1924 - 1945) — загинат во НОБ.[19]
- Стојко Ѓурчески (1922 - 1945) (од Горни или Долни Манастирец) — загинат во НОБ.[19]
- Чедомир Лозаноски (1922 - 1945) (од Горни или Долни Манастирец) — загинат во НОБ.[19]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 103. Посетено на 2 октомври 2017.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2 октомври 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Податоците за населеното место Старо Село, согласно важечката територијална организација за време на Пописот од 1953 година, се содржани во податоците за населеното место Долни Манастирец.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 18,00 18,01 18,02 18,03 18,04 18,05 18,06 18,07 18,08 18,09 18,10 18,11 18,12 18,13 18,14 18,15 18,16 18,17 18,18 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.257
- ↑ 19,0 19,1 19,2 19,3 19,4 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
Надворешни врски
уреди- Долни Манастирец на Ризницата ?