Дионисиј II Цариградски
Дионисиј II (грчки: Διονύσιος Β΄) — Вселенски патријарх од 1546 до 1556 година.
Дионисиј II | |
---|---|
Цариградски патријарх | |
Дионисиј II го испраќа Јоасаф, митрополит на Кизик, како амбасадор на Иван Грозни | |
Црква | Цариградска патријаршија |
Избран | 17 април 1546 |
Службата завршила | јули 1556 |
Претходник | Еремија I |
Наследник | Јоасаф II |
Лични податоци | |
Починал | јули 1556 |
Претх. служба | Митрополит на Никомедија |
Живот
уредиДионисиј се родил во Галата (сега дел од Истанбул).[1] Во 1516[2]:186 тој бил назначен за митрополит на Никеја и бил избран за епископ од страна на патријархот Теолепт I.[1]
Дионисиј бил наменет од патријархот Еремија I како негов наследник, а по смртта на Еремија тој бил избран на 17 април 1546[2]:39 поддржан од популарните манифестации и против надежите на Светиот синод.[3] За време на неговата патријаршија тој бил обвинет за зголемување на надоместокот на отоманскиот султан за назначување на патријарх, до вредност од 3000 екуси (монети) и за демолирање, наредено од султанот, на големиот крст на кровот од Манастирот Богородица Памакаристос, во тоа време седиште на патријаршијата.[4]
Позначаен настан за време на неговата патријаршија бил патувањето во Италија, во 1546, на младиот митрополит на Кајсери, Митрофан, кој неколку години подоцна ќе стане патријарх. Дионисиј го испратил Митрофан во Венеција, главно поради собирање на финансиски средства, но Митрофан исто така заминал и во Рим и се запознал со папата. Во 1548 овие новости предизвикале голема загриженост кај дел од грчкото население во Цариград, проследени со немири и обид за убиство на Дионисиј, кого го сметале за виновен како и Митрофан.[5] Дионисиј бил на работ на симнување од престолот, но никакви мерки не биле преземени против него бидејќи тој ја имал поддршката од султанот Сулејман Величествениот.[6]
Дионисиј владеел сè до неговата смрт. Датумот за смртта е спорен помеѓу научниците, како резултат на тоа предложени се неколку дати, 1554 и 1555, но најверојатно точниот датум е јули 1556,[2]:46 заклучок донесен од документите на Венеција.[5] Тој бил погребан во манастир на островот Халки.[1]
Белешки
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Dionysios II“. Ecumenical Patriarchate. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 18 June 2011.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. ISBN 978-1-4344-5876-6.
- ↑ Runciman, Steven (1985). The Great Church in captivity. Cambridge University Press. стр. 199. ISBN 978-0-521-31310-0.
- ↑ R. Janin (1956). „Costantinople, Patriarcat grec“. Dictionnaire d'histoire et de géographie ecclésiastiques. 13. Paris: Letouzey et Ané. 677.
- ↑ 5,0 5,1 Moustakas Konstantinos. „Dionysios II of Constantinople“. Encyclopaedia of the Hellenic World, Asia Minor. Посетено на 18 June 2011.
- ↑ Frazee, Charles (2006). Catholics and sultans : the church and the Ottoman Empire, 1453-1923. London: Cambridge University Press. стр. 29. ISBN 0-521-02700-4.