Дино Баџо
Дино Баџо (роден на 24 јули 1971 година во Кампсампјеро) — поранешен италијански фудбалер, играч од средниот ред. Во 1994 година бил светски вицешампион со репрезентацијата на Италија.
Дино Баџо | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 24 јули 1971 | ||
Роден во | Кампосампјеро, Италија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | м | 1,88||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Повлекување | 2008 (37 г.) | ||
Младинска кариера | |||
Томболо | |||
Торино | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1990-1992 | Торино | 25 | (2) |
1991-1992 | → Интер | 27 | (1) |
1992-1994 | Јувентус | 49 | (1) |
1994-2000 | Парма | 172 | (19) |
2000-2005 | Лацио | 44 | (1) |
2003-2004 | → Блекбурн Роверс | 9 | (1) |
2004 | → Анкона | 13 | (0) |
2005 | Триестина | 3 | (0) |
2008 | Томболо | 1 | (0) |
Репрезентација | |||
1990-1992 | Италија 21 | 18 | (1) |
1992 | Италија 23 | 5 | (0) |
1991-1999 | Италија | 60 | (7) |
Тој е играчот со најмногу постигнати голови во финалињата на Купот на УЕФА/Лигата на Европа (вкупно пет гола постигнати во две финалиња, но одиграни во два натпревари).[1]
Наречен „Баџо 2“ од италијанскиот печат за да се разликува од неговиот сонародник Роберто Баџо, со кој биле соиграчи во Јувентус и во националниот тим,[2][3] во дресот на својата земја забележал 60 настапи со седум гола, а учествувал на две Светски првенства (1994 и 1998) и едно Европско првенство (1996).
Биографија
уредиИ покрај тоа што имаат исто презиме, тој нема никаква роднинска врска со италијанскиот поранешен фудбалер и соиграч Роберто Баџо.[4]
На 6 јули 2000, се оженил со поранешната танчерка и учесничка во телевизиската програма Non è la Rai, Марија Тереса Матеи.[5] Со неа имаат две деца.[5]
Технички карактеристики
уредиДефанзивен играч од средниот ред сметан за сигурен додавач, физички силен, надарен со способност за многу трчање и дух на пожртвуваност,[6][7][8][9] тој се истакнал во својата кариера по својата цврстина, енергија, издржливост и одземање на топката од противниците;[7][9][10] одлики кој му овозможиле да стане еден од најдобрите италијански играчи од средниот ред во 90-тите години и стандарден репрезентативец во оваа декада.[6][9][11] Благодарение на неговата тактичка флексибилност,[12] тој бил способен да покрие каква било улога во средниот ред;[9] всушност, и покрај тоа што играл главно во улогата на медијано со дефанзивни задачи, во текот на кариерата бил користен во речиси сите улоги на теренот.[10][13]
Иако бил дефанзивен играч од средниот ред, тој исто така бил способен да придонесе и во офанзивната фаза на играта,[6][9][10][12] благодарение на неговите вештини за уфрлање во празните простори,[7][12] квалитетите во играта во воздухот[14] и одличниот удар од далечина.[9][15] Тој исто така имал добра индивидуална техника и визија за играта што го направило способен да изведува прецизни додавања за своите соиграчи.[9]
Клупска кариера
уредиСвоите први фудбалски чекори ги направил на петгодишна возраст на терените во Томболо, провинцијата Падова. На тринаесет години тој бил забележан од скаутите на Торино.[16] Токму во оваа екипа израснал во професионален фудбалер, а своето деби во Серија А го имал во натпреварот Торино-Лацио (0-0) одигран на 9 септември 1990 година; претходно тој забележал 3 настапи за Торино во шампионската сезона на клубот во Серија Б. Тој набрзо станал стартер во формацијата на биковите, завршувајќи ја сезоната 1990-1991 со 25 настапи и еден гол, освојувајќи го притоа со клубот и Митропа купот 1991 иако во ова натпреварување тој ниту еднаш не излегол на терен. Во 1991 година, тој бил продаден на градскиот ривал Јувентус за 9,8 милијарди лири,[17] кој го позајми на Интер за една сезона, во текот на која младиот играч од средниот ред одиграл 27 натпревари и постигнал еден гол.[18]
Враќајќи се во Јувентус во летото 1992 година, тој го направил своето деби во натпреварот од првата рунда на Купот на Италија на домашен терен против Фиделис Андрија во победата на домашен терен со 4-0, во која исто така го постигнал и својот прв гол за бјанконерите. Бидејќи претходно играл за градскиот ривал Торино, трансферот на Баџо во Јувентус првично нашол на негодување кај навивачите, меѓутоа, со неговата цврстина и одличните постојани игри тој набрзо станал столб во средниот ред на Јувентус и брзо ги придобил нивните симпатии.[13] Често наречен Баџо 2 за да се разликува од својот попознат и постар соиграч Роберто Баџо, својот прв погодок за Јувентус во Серија А, тој го постигнал во победата со 5-1 над Анкона. Неговиот највпечатлив момент за време на првата сезона со бјанконерите дефинитивно било финалето на Купот на УЕФА 1992-1993 против Борусија Дортмунд во кое тој се појавил како изненадувачки стрелец давајќи огромен придонес за освојувањето на титулата со три гола: тој постигнал еден гол во првиот натпревар во Дортмунд кој завршил со победа на Јуве од 3-1, додавајќи уште два гола во победата со 3-0 во реваншот на Деле Алпи. Следната сезона со Јувентус го освоил второто место во првенството, но настапите на Баџо драстично се намалиле по што тој одлучил да го напушти клубот во летото 1994 и да се пресели во Парма на Невио Скала за 14 милијарди лири,[19] потпишувајќи четиригодишен договор со клубот.
Во својата прва сезона тој освоил уште еден Куп на УЕФА, прв за Парма во историјата на клубот, против неговиот поранешен тим во финалето во кое Баџо уште еднаш бил во главната улога: во првиот натпревар кој завршил 1-0 за Парма голот бил негово дело, додека во реваншот тој ја анулирал почетната предност на Јувентус стекната со голот на Џанлука Вијали (1-1). Ова било доволно за да ја крене неговата втора титула во европските натпреварувања високо кон небото, во исто време трета за Парма. Тој останал еден од главните играчи на Парма и во следните сезони под водството на тренерите Карло Анчелоти и Алберто Малезани. Со вториот, тој по трет пат во кариерата го освоил Купот на УЕФА совладувајќи го овојпат во финалето францускиот гигант Олимпик Марсеј со убедливи 3-0 во Москва. На патот до титулата, во првиот натпревар од осминафиналето против полската екипа Висла Краков, Баџо бил ранет во главата од нож фрлен од навивач поради кој добил пет конци.[20] Поради ова, Висла била суспендиран од европските купови на една година. Во истата 1999 година, Парма го освоила и Купот на Италија победувајќи ја Фјорентина во финалето, а во август триумфирале и во Суперкупот на Италија со победа над шампионот на земјата Милан.
За време на натпреварот Парма-Јувентус одигран на 9 јануари 2000 година, во момент кога двата клуба биле замешани во битка за шампионската титула, тој направил прекршок над Џанлука Ѕамброта, санкциониран со црвен картон од страна на судијата Стефано Фарина, по што уследил гест на Баџо со триење на палецот и показалецот како бројач за пари и плукање на земја.[21] Тоа му донело суспензија од два натпревари (иако првично биле шест) и казна од Парма во вредност од 20 милиони лири,[22] пропуштајќи го исто така пријателскиот натпревар на репрезентацијата против Шведска на 23 февруари 2000 година со одлука на Лучано Ницола, тогашен претседател на FIGC. Од тој момент, Баџо повеќе никогаш не бил повикан во репрезентацијата, прескокнувајќи го и следното Европско првенство во Белгија и Холандија.[23] Со 240 натпревари во дресот на Парма, моментално се наоѓа на 14-тото место на списокот на играчи со најмногу настапи за клубот
Во октомври 2000 година, тој бил купен од актуелниот италијански шампион, Лацио, но по две сезони поминати во Рим во 2003 година бил позајмен на англискиот Блекбурн Роверс.[24] Дебитирал во Премиер лигата на 13 септември, влегувајќи како замена во поразот на домашен терен со 3–1 од Ливерпул.[25] Менаџерот на Баџо во Блекбурн, Греам Сунес, го користел во дотогаш за него нова непозната улога со повеќе напаѓачки задачи,[26] што сепак, не ги дало очекуваните резултати и негативно се одразило на неговите настапи. Тој забележал само 9 настапи вкупно за Роверс, постигнувајќи еден гол во поразот од 2–1 од Лидс Јунајтед во првенството, пред неговата позајмица да биде прекратена во јануари 2004.[27]
Откако предвреме завршила неговата авантура во странство, тој се вратил во Италија и бил позајмен до крајот на сезоната 2003-2004 на новопромовираниот член на Серија А, Анкона. Целта на клубот била да доведе во јануарскиот преоден рок неколку искусни и проверени играчи како Баџо кои би помогнале да излезе од зоната за испаѓање во која бил западнал уште на почетокот од првенството. Сепак, Баџо не успеал да ја исполни мисијата со која дошол во Анкона, да го спаси клубот од испаѓање, по што тој се вратил во Лацио, каде што бил ставен на маргините на првиот тим толку многу што заедно со неговиот соиграч Паоло Негро подигнале тужба за мобинг против претседателот на клубот Клаудио Лотито.[28]
Во 2005 година се преселил во Триестина, за да ја рестартира својата кариера со ново искуство во Серија Б; по само три настапи во октомври одлучил, да го раскине договорот со клубот и да се пензионира.
Во февруари 2008 година, две и пол години по неговото наводно пензионирање, тој се вратил на фудбалот. На возраст од речиси триесет и седум години играл во Терца категорија, во тимот на Томболо во кој и ја започнал својата кариера, чиј тренер бил неговиот прв тренер, Чезаре Кривеларо.[29]
Во Серија А одиграл 333 натпревари постигнувајќи 25 голови. Во европските купови има 73 натпревари со тринаесет гола.
Репрезентативна кариера
уредиМлади репрезентации
уредиСо репрезентацијата до 21 година, предводена од Чезаре Малдини, тој го освоил Европско првенство за играчи под 21 година во 1992 година, а истата година учествувал на Олимпијадата во Барселона.
Сениорска репрезентација
уредиПовикан од новиот селектор Ариго Саки, тој го направил своето деби за сениорската репрезентација на 21 декември 1991 година, на 20-годишна возраст, започнувајќи во последниот натпревар од Квалификациите за Европското првенство 1992, победата со 2-0 против Кипар во Фоџа. Својот прв гол за Аѕурите го постигнал на 24 февруари 1993 година, во Порто, Португалија, во натпревар од Квалификациите за Светското првенство 1994 во кој италијанците го совладале домаќинот со 3-1.
Откако станал стартер во репрезентацијата, тој формирал партнерство во средишниот дел на средниот ред со Деметрио Албертини, кој бил на иста возраст како и тој.[30] Учествувал на Светското првенство 1994 во САД, каде што бил протагониста[31] со два постигнати гола: во победите против Норвешка (1-0) во групната фаза и Шпанија (2-1) во четвртфиналето.[32] Се појавил на теренот во сите седум натпревари на Италија на Мундијалот и играл како стартер во финалето на 17 јули 1994 година, во кое загубиле на пенали од Бразил.
Учествувал и на следното Европско првенство 1996 во Англија, каде Италија била елиминирана во првата фаза. На овој настан, сепак, тој излегол на терен само во вториот натпревар од групата, кој италијанците го загубиле со 2-1 од Чешка. Потоа, со селекторот Чезаре Малдини, Баџо учествувал и на Светското првенство 1998, каде што бил стартер во петте натпревари на Италија која била елиминирана во четвртфиналето, по изведувањето на пенали, од домаќинот Франција.
Тој одиграл неколку натпревари за Италија и под водството на следниот селектор Дино Ѕоф, кој ја презел клупата од Малдини во летото 1998. Бил репрезентативец сè до пријателскиот натпревар одигран на 13 ноември 1999 година, поразот од Белгија (1-3) во Лече, кој останал неговиот последен натпревар во синиот дрес.
За својата репрезентација забележал вкупно 60 настапи и 7 голови.
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиСтатистика
уредиКлупска статистика
уредиСезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
1989-1990 | Торино | Б | 3 | 0 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 3 | 0 |
1990-1991 | А | 25 | 2 | КИ | 6 | 0 | МК | 0 | 0 | - | - | - | 31 | 2 | |
Вкупно Торино | 28 | 2 | 6 | 0 | 0 | 0 | - | - | 34 | 2 | |||||
1991-1992 | Интер | А | 27 | 1 | КИ | 5 | 1 | КУ | 2 | 0 | - | - | - | 34 | 2 |
1992-1993 | Јувентус | А | 32 | 1 | КИ | 7 | 3 | КУ | 9 | 5 | - | - | - | 48 | 9 |
1993-1994 | А | 17 | 0 | КИ | 2 | 0 | КУ | 6 | 0 | - | - | - | 25 | 0 | |
Вкупно Јувентус | 49 | 1 | 9 | 3 | 15 | 5 | - | - | 73 | 9 | |||||
1994-1995 | Парма | А | 31 | 6 | КИ | 7 | 1 | КУ | 11 | 5 | - | - | - | 49 | 12 |
1995-1996 | А | 28 | 4 | КИ | 1 | 0 | КПК | 4 | 1 | СИ | 1 | 0 | 34 | 5 | |
1996-1997 | А | 31 | 2 | КИ | 1 | 0 | КУ | 2 | 0 | - | - | - | 34 | 2 | |
1997-1998 | A | 29 | 5 | КИ | 6 | 0 | ЛШ | 8[34] | 0 | - | - | - | 43 | 5 | |
1998-1999 | А | 29 | 2 | КИ | 5 | 0 | КУ | 8 | 0 | - | - | - | 42 | 2 | |
1999-2000 | А | 24+1[35] | 0+0[35] | КИ | 0 | 0 | ЛШ+КУ | 2+7 | 0+1 | СИ | 1 | 0 | 35 | 1 | |
јул.-сеп. 2000 | А | 0 | 0 | КИ | 2 | 0 | КУ | 1 | 0 | - | - | - | 3 | 0 | |
Totale Parma | 173 | 19 | 22 | 1 | 43 | 7 | 2 | 0 | 240 | 27 | |||||
окт. 2000-2001 | Лацио | А | 25 | 1 | КИ | 1 | 0 | ЛШ | 0 | 0 | - | - | - | 26 | 1 |
2001-2002 | А | 15 | 0 | КИ | 3 | 0 | ЛШ | 3[36] | 0 | - | - | - | 21 | 0 | |
2002-2003 | А | 4 | 0 | КИ | 3 | 0 | КУ | 8 | 0 | - | - | - | 15 | 0 | |
2003-јан. 2004 | Блекбурн Роверс | ПЛ | 9 | 1 | ФАКуп | 1 | 0 | КУ | 2 | 0 | - | - | - | 12 | 1 |
јан.-јун. 2004 | Анкона | А | 13 | 0 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 13 | 0 |
2004-2005 | Лацио | А | 0 | 0 | КИ | 0 | 0 | КУ | 0 | 0 | СИ | 0 | 0 | 0 | 0 |
Вкупно Лацио | 44 | 1 | 7 | 0 | 11 | 0 | - | - | 62 | 1 | |||||
2005-2006 | Триестина | Б | 3 | 0 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 3 | 0 |
Вкупно во кариерата | 347 | 25 | 50 | 5 | 73 | 12 | 2 | 0 | 472 | 42 |
Репрезентативна статистика
уредиРепрезентација | Година | Настапи | Голови |
---|---|---|---|
Италија | 1991 | 1 | 0 |
1992 | 1 | 0 | |
1993 | 7 | 3 | |
1994 | 15 | 4 | |
1995 | 5 | 0 | |
1996 | 4 | 0 | |
1997 | 11 | 0 | |
1998 | 11 | 0 | |
1999 | 5 | 0 | |
Вкупно | 60 | 7 |
Титули
уредиКлупски
уредиТорино
уреди- Серија Б : 1
- 1989-1990
- Митропа куп : 1
- 1991
Јувентус
уреди- Куп на УЕФА : 1
- 1992-1993
Парма
уреди- Куп на УЕФА : 2
- 1994-1995, 1998-1999
- Куп на Италија : 1
- 1998-1999
- 1999
Репрезентативни
уредиНаводи
уреди- ↑ „La Coppa UEFA dalla A alla Z“. 15 мај 2013. Посетено на 15 ноември 2016.
- ↑ Maurizio Crosetti (27 февруари 1994). „C'è Baggio 2, per farsi rimpiangere“. La Repubblica. стр. 26. Посетено на 12 март 2014.
- ↑ Giancarlo Padovan e Gianfranco Teotino (18 ноември 1993). „Baggio 2 timbra il visto per l'America“. Il Corriere della Sera. стр. 41. Архивирано од изворникот на 2014-03-13. Посетено на 12 март 2014.
- ↑ Preston, Mike (16 July 1994). „'Other' Baggio ready to step into hero's role WORLD CUP 1994“. The Baltimore Sun. Архивирано од изворникот на 2017-08-22. Посетено на 20 July 2014.
- ↑ 5,0 5,1 „Maria Teresa Mattei, ecco che fine ha fatto l'ex stellina di "Non è la Rai"“. Il Messaggero. 5 септември 2016. Посетено на 31 декември 2022.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Emmet Gates (21 gennaio 2015). „Remembering Dino, the other Baggio“. The Guardian (англиски). Посетено на 14 јуни 2015. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ 7,0 7,1 7,2 Giancarlo Padovan e Giorgio Rondelli (4 септември 1995). „Sacchi, un guaio in più : Costacurta“. Il Corriere della Sera. стр. 37. Архивирано од изворникот на 15 јуни 2015. Посетено на 14 јуни 2015.
- ↑ Luca Valdiserri (4 септември 1995). „Casiraghi, Dino Baggio e Signori: tori scatenati Pagliuca, che sfortuna“. Il Corriere della Sera. стр. 40. Архивирано од изворникот на 18 ноември 2015. Посетено на 14 јуни 2015.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 Fausto Momblano. „Il Baggio dimenticato“. Архивирано од изворникот на 2022-12-31. Посетено на 14 јуни 2015.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 Fabrizio Maffei. „Baggio, Dino“. Посетено на 14 јуни 2015.
- ↑ „Dino Baggio: «Conte è un vincente, ma occhio alle insidie»“. 5 октомври 2011. Посетено на 14 јуни 2015.
- ↑ 12,0 12,1 12,2 „Storie di ex: Dino Baggio“. 9 февруари 2015. Архивирано од изворникот на 16 јуни 2015. Посетено на 14 јуни 2015.
- ↑ 13,0 13,1 Stefano Bedeschi (24 јули 2013). „Gli eroi in bianconero: Dino BAGGIO“. Посетено на 14 јуни 2015.
- ↑ Luca Valdiserri (21 април 1993). „Jorge teme il suo Paris più di Baggio e Moeller“. Il Corriere della Sera. стр. 45. Архивирано од изворникот на 15 јуни 2015. Посетено на 14 јуни 2015.
- ↑ Fabio Monti (10 март 1993). „il bomber di scorta rianima il Torino“. Il Corriere della Sera. стр. 43. Архивирано од изворникот на 2015-11-23. Посетено на 14 јуни 2015.
- ↑ „La biografia di Dino Baggio in uscita con CIESSE Edizioni“. 25 септември 2011. Архивирано од изворникот на 14 јули 2014. Посетено на 15 октомври 2011.
- ↑ Calciatori ‒ La raccolta completa Panini 1961-2012. Vol. 8 (1991-1992). Panini. 25 јуни 2012. стр. 10.
- ↑ Benedetto Ferrara (27 јули 1991). „L'Inter s'accontenta, Dino Baggio“. La Repubblica. стр. 43. Посетено на 5 јули 1991. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ Calciatori ‒ La raccolta completa Panini 1961-2012. Vol. 11 (1994-1995). Panini. 16 јули 2012. стр. 10.
- ↑ Franco Melli (21 октомври 1998). „Un coltello vola in campo, paura per Baggio“. Il Corriere della Sera. стр. 42. Архивирано од изворникот на 26 декември 2012. Посетено на 11 февруари 2010.
- ↑ Dino Baggio dà del venduto all'arbitro, Bergamo lo difende da Corriere della Sera, 10 јануари 2000
- ↑ Fabio Monti. „Maxi-sconto a Dino Baggio: due giornate“. Il Corriere della Sera. стр. 43. Архивирано од изворникот на 26 декември 2012. Посетено на 3 август 2011. Занемарен непознатиот параметар
|data=
(се препорачува|date=
) (help) - ↑ „La Figc: "Dino Baggio fuori dalla Nazionale"“. La Repubblica. 10 јануари 2000.
- ↑ „Blackburn bag Baggio“. UEFA.com. 1 September 2003. Посетено на 30 April 2020.
- ↑ „Owen brace sinks Blackburn“. BBC Sport. 13 September 2003. Посетено на 30 April 2020.
- ↑ Johnson, William (16 October 2003). „Poor finishing proves costly for Blackburn“. The Telegraph. Посетено на 30 April 2020.
- ↑ „Inspired Leeds hold off Blackburn“. BBC. 4 October 2003. Посетено на 20 October 2009.
- ↑ Le grane dell'era Lotito, da lalaziosiamonoi.it, 2 јули 2009
- ↑ „Dino Baggio riparte dalla terza categoria“. 15 февруари 2008. Посетено на 15 февруари 2008.
- ↑ „Anni Ottanta, Novanta e Duemila: qual è la Nazionale italiana più forte tra queste?“. 15 мај 2020. Посетено на 28 декември 2020.
- ↑ Licia Granello (8 јули 1994). „Baggio Due, L'Indispensabile“. стр. 3. Посетено на 28 декември 2020.
- ↑ „Baggio minore“. 26 септември 2016. Посетено на 28 декември 2020.
- ↑ 2. место
- ↑ 2 настапи во квалификациските кола.
- ↑ 35,0 35,1 Во баражот за 4. место.
- ↑ 1 настап во квалификациските кола.