Димитар Димитров
Димитар Димитров (роден во с. Цакони, Воденско, Егејска Македонија на 13 ноември 1937) — македонски поет, есеист, критичар, преведувач од турски, писател за деца, политичар и дипломат.
Димитар Димитров | |
---|---|
Димитров со Владимир Путин | |
Министер за образование и наука | |
На должноста 20 март 1991 – 4 септември 1992 | |
Премиер | Никола Кљусев |
Претходник | нема |
Наследник | Димитар Бајалџиев |
Министер за култура | |
На должноста 30 ноември 1998 – 28 декември 1999 | |
Премиер | Љубчо Георгиевски |
Претходник | Слободан Унковски |
Наследник | Љубен Пауновски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 13 ноември 1937 Цакони, Воденско, Грција |
Националност | Македонец |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Установа | Филозофски факултет |
Животопис
уредиДимитар Димитров е роден на 13 ноември 1937 година во Цакони, Воденско, Егејска Македонија[1]. Во времето на Грчката граѓанска војна неговото семејство побегнало во Македонија. Во Скопје го завршил средното образование и завршил Филозофски факултет. Во Љубљана завршил магистерски степен, додека во Загреб завршил докторат со титула доктор по филозофски науки. Во текот на својата кариера, Димитров бил професор на Филолошкиот факултет во Скопје, амбасадор на Република Македонија во Руската федерација, а од 1970 година станал член ДПМ.
Во првата експертска влада Димитров ја извршувал функцијата Министер за образование и наука, и тоа во периодот од 20 март 1991 до 4 септември 1992 година. Во периодот од 30 ноември 1998 до 28 декември 1999 година ја извршувал функцијата Министер за култура, во владата на Љубчо Георгиевски.[2].
Творештво
уредиАвтор е на книгите: Овчарче (раскази за деца, 1960), Збогум детство (раскази за деца, 1960), Кога сме деца (раскази за деца, 1962), Животот и уметноста (студија, 1967), Противставување (есеи, 1971), Македонски работи (есеи, 1991), Уметност и човекување (есеи, 1992), Меѓу тоталитаризам и демократија (есеи, 1994), Името и умот (есеи, 1999).
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, с. 466.
- ↑ Тито Петковски. Дипломатија без дипломати, Утрински весник, 16 октомври 2006.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник нема |
Министер за образование и наука 20 март 1991 - 4 септември 1992 |
Наследник Димитар Бајалџиев |
Претходник Слободан Унковски |
Министер за култура 30 ноември 1998 - 28 декември 1999 |
Наследник Љубен Пауновски |
Претходник ? |
Амбасадор на Македонија во Русија и Белорусија 2000 - 2003 |
Наследник ? |