Дејан Лилиќ
Дејан Лилиќ (роден на 26 октомври 1974 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и водител[1], поранешен директор на Македонскиот народен театар.
Дејан Лилиќ | ||
Роден | 26 октомври 1974 Скопје | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | глумец |
Животопис
уредиЛилиќ е роден на 26 октомври 1974 година во Скопје. Во 1997 година дипломирал на Факултетот за Драмски уметности - Скопје на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, а од 1998 година работи како глумец во Драмски театар Скопје. Има остварено голем број главни и споредни улоги во претстави на матичниот театар, но и во проекти од други театарски иснтитуции и продукциски куќи. Покрај глумата, вклучен е и во општествениот живот како водител на разни јавни настани. Од 2007 до 2010 година е Уметнички директор на Драмскиот театар Скопје. Од 2010 до 2015 година е директор на Македонскиот народен театар. Бил водител на неколку емисии на Сител ТВ, А1 ТВ и Алфа ТВ. Меѓу подледните телевизиски проекти како водител се: „Листа за триста” на Сител и „20 секунди” на Македонската телевизија.
Поважни театарски улоги
уреди- Ромео и Јулија, Ромео, од Вилијам Шекспир, р. Дејан Пројковски, „Охридско лето“, ДТС 2012
- Генетика на кучињата, Леоне, од Венко Андоновски, р. Дејан Пројковски, ДТС 2012
- Хамлет - Хамлет, од В. Шекспир, р. Дејан Пројковски, ДТС 2010
- Александар - Александар, р. Љубиша Георгиевски, ДТС 2009
- Томас Мор - Кинегонда во Карлаленд, р. Сашо Миленковски, ДТС 2009
- Фигаро - Фигаро се разведува, р. Куштрим Бектеши, МНТ 2008
- Mr. Blond – Касапски кучиња, р. Бојан Трифуновски, ДТС
- Мичо - Комшилук Наопаку, р. Ненни Делместре, ДТС
- Иљо – Демонот од Дебармаало, р. Слободан Унковски, ДТС
- Помладиот брат – Превртач р. Јовица Павиќ, ДТС
- Челик – Купидона, р. Срѓан Јаниќиевиќ, ДТС
- Падрајк – Поручникот од Инишимор, р. Зоја Бузалковска, ДТС
- Михајло – Лет во место, р. Љупчо Георгиевски, ДТС
- Тим – Everyman, р. Деан Дамјановски, ДТС
- Лени, Man with Golf Bat – Марисол, р. Владимир Милчин, ДТС
- Најдо – Стјуардеси, р. Коле Ангеловски, Истриони (Скопје)
- Кралот – Како се станува цар, р. Зоја Бузалковска, ДТС
- Петар Николаевич – Магдо, љубов моја, р. Димитар Станковски, МНТ/Универзална сала
- Бато – Позитивно мислење, р. Димитар Станковски, ДТС
- Капетанот – Есперанца, р. Александар Чамински, ДТС
- Чарли – Собрани дела од Вилијам Шекспир,р. Златко Славенски, ДТС
- Вториот – Кутрите мали хрчки,р. Иво Лауренчиќ, ДТС / Идеја плус ДДБ
- Александар Велики ... - Macedoine-Odyssey 2001, р. Иван Поповски, ДТС/Народен театар Битола
- Војдан – Тетовирани души, р. Сашо Миленковски, ДТС
- Стефан – Диво месо, р. Александар Поповски, ДТС
- Непознатиот – Кандид во земјата на чудата, р. Сашо Миленковски, ДТС
- Жан Дестив – Јована Орлеанка, р. Љубиша Георгиевски, ДТС/ „Скопско лето“
- Шереф – Ферхад и Ширин, р. Ертан Јуџел, ДТС
- Иван Соловјов – Земјомер, р. Владимир Милчин, ДТС
- Креон – Антигона во техноленд, р. Галин Стоев, ДТС/ Berliner Festspiele
- Г-дин Алексиев – Македонски Фауст, р. Сашо Миленковски, Театар Бабилон/„Охридско лето“
- Флорино Аретуси – Арлекин, слуга на двајца господари, р. Коле Ангеловски, ДТС/„Скопско лето“
- Керубин – Свадбата на Фигаро, р. Коле Ангеловски, ДТС/„Охридско лето“
- Промотер – 7 против Теба, Млад отворен театар/ Norway Theater Group
- Спасе – Fuck you, р. Искра Стојковска, ДТС
- Бил - The Lover (Sure Thing), р. Зоја Бузалковска, ДТС
- Eternal travel – кореодрама, кореограф Искра Шукарова, МНТ
- Кристофер Махон – Заводникот од западниот свет, р. Коле Ангеловски, ДТС
- Ојдипус – Ојдипус Тиранос, р. Зоја Бузалковска, ДТС/„Скопско лето“
- Мртвиот глумец – Среќата е нова идеја во Европа, р. Владо Цветановски, ДТС
- Брада – Ова не е американски филм, р. Сашо Миленковски, ДТС
- Валентин – Фауст, р. Ѓорѓи Јолевски, ДТС/Неформална театарска група – Квартет
- Моровов, Свештеникот, ... – Фурка,р. Дритро Касапи, ДТС/ФДУ
- Гонзаго и Зигфрид – Дона Хуана, р. Коле Ангеловски, ДТС
- Алрекин – Каменот на мудроста, р. Југослав Петровски, МОТ
- Стево, Ефто – Часови по лудило, р. Зоја Бузалковска, ФДУ
- Томас Мор - Кинегонда од Карлаленд од Венко Андоновски, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2008
Филмографија
уредиФилмографија на глумецот Дејан Лилиќ | |||
---|---|---|---|
Год. | Назив | Улога | |
1990-ти▲ | |||
1997 | Џипси меџик ТВ филм | UN војник | |
2000-ти▲ | |||
2001 | Одмазда ТВ филм | Насте | |
2001 | Во светот на бајките ТВ-серија | Принцот | |
2002 | Заведени ТВ серија | ||
2002 | Наше маало ТВ-серија | Тренер | |
2003 | Седум приказни за љубовта и свршувањето ТВ серија | Дамјан | |
2006 | Американецот ТВ филм | ||
2007 | Досие-К ТВ филм | Инспектор Диме | |
2010-ти▲ | |||
2010 | Пилот ТВ-филм | Дамјан | |
2011 | Трето па машко ТВ филм | Тони | |
2012 | Скопје ремикс ТВ филм | ||
2012 | Betrayal ТВ филм | ||
2013 | Тиквешко востание ТВ-серија | ||
2013 | Тврдокорни ТВ филм | Николај | |
2014 | Кум ТВ-серија | Душан | |
2015 | 12 мајмуни ТВ филм | Таксист | |
2015 | Лазар ТВ филм | Тони | |
2016 | Ослободување на Скопје ТВ филм | Милчо | |
2017 | Коливо краток филм | Сотир | |
2017 | Фамилијата Марковски ТВ серија | др. Горан | |
2017 | На терапија ТВ серија | Татко на Ивана | |
2017 | Инсајдер ТВ серија | Драган | |
2017 | Допир краток филм | ||
2017 | Црно и бело краток филм | Татко | |
2017 | Македонија ТВ-серија | ||
2018 | Сонот на крвта и душата ТВ филм | Марко | |
2019 | Дедо и внук ТВ-филм | Внукот | |
2020-ти▲ | |||
2020 | Стела ТВ-филм | Александар | |
2020 | Хомо ТВ-филм | Дамир | |
2021 | Кино „Љубов“ ТВ-филм | Коста | |
2022 | Си беше еднаш еден звук (ВИРТУОСО) ТВ-филм | Дамјан | |
2022 | Кајмак ТВ-филм | Јоаким | |
2022-2023 | Бистра вода ТВ-серија | Дамјан |
Награди
уреди- 2012, Награда за најдобра споредна машка улога „Димче Трајковски“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп
- 2011, Награда „Љубомир Муца Драшкиќ“ за најдобар глумец на вечерта на меѓународниот театарски фестивал „Муцијеви дани“, Театар „Атеље 212“, Белград, Србија, за улогата на Хамлет во претставата „Хамлет“
- 2011, Златна награда за најдобро глумечко остварување за улогата на Хамлет во претставата „Хамлет“ р. Дејан Пројковски, на биеналниот Меѓународен театарски фестивал „Глумбал“ во Ниш
- 2011, Награда за најдобра машка улога на МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп за улогата на Хамлет во претставата „Хамлет“
- 2010 Награда за најдобар глумец за претставата „Хамлет“ на меѓународниот Фестивал за античка драма „Стоби“, 2010
- 2010 Награда „Златна маска“ во Светот на успехот - Препознаени и признаени од граѓаните на Р Македонија
- 2010 Награда „Златна Бубамара на популарноста“
- 2009 Награда за најдобар глумец за претставата „Александар“ на меѓународниот Фестивал за античка драма „Стоби“,
- 2006 Награда „Ристо Шишков“ на Фестивалот за камерен театар „Ристо Шишков“ - Струмица за улогата на Помалиот брат во претставата „Превртувач“ од Ненад Вујадиновиќ, во режија на Јовица Павиќ
- 2004 Златна Бубамара на популарноста за најпопуларен глумец во годината
- 2004 Награда за најдобро глумечко остварување на 39-от МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп за улогата на Човекот со палка и Лени во претставата „Марисол“ од Хосе Ривера, во режија на Владимир Милчин
- 2001 Награда за најдобро глумечко остварување на 36-от МТФ „Војдан Чернодрински“- Прилеп за улогата на Стево во претставата „Диво месо“ и улогата во претставата „Кандид во земјата на чудата“
- 2001 Награда „Златна маска“ на фестивалот „Охридско лето“ за улогата на Александар Македонски во претставата „Мацедоине- Одисеја 2001“ која ја доделува весникот „Вечер“
- 2000 Златна Бубамара на популарноста за најпопуларен глумец во годината
- 1998 Награда за најдобра епизодна улога во претставата „The lover“ од списанието „Екран“
- 1997 Прогласен за млад глумец на годината според списанието „Екран“
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Борче (19 септември 2006). „РАЗГОВОР: ДЕЈАН ЛИЛИЌ - ВРВЕН АКТЕРСКИ МАЈСТОР „Сонот треба да се одработи"“. Вечер. Посетено на 2010-04-14.[мртва врска]