Делисинци
Делисинци — село во Општина Свети Николе, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе.
Делисинци | |
Координати 41°46′54″N 21°59′44″E / 41.78167° СГШ; 21.99556° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Општина Свети Николе |
Област | Овче Поле |
Население | 2 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 24009 |
Надм. вис. | 567 м |
Делисинци на општинската карта Атарот на Делисинци во рамките на општината | |
Географија и местоположба
уредиИсторија
уредиСтопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Делисинци имало 90 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Делисинци имало 88 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[4]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 9 жители, сите Власи.[5]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, селото има 2 жители, сите Власи.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 154 |
1953 | 162 | — | — | — | — | — | ... | — | 162 |
1961 | 44 | 10 | — | ... | ... | — | ... | 142 | 196 |
1971 | 15 | — | — | — | ... | — | ... | 58 | 73 |
1981 | 4 | — | — | — | 4 | — | ... | — | 8 |
1991 | — | — | — | — | 4 | — | — | — | 4 |
1994 | — | — | — | — | 1 | — | — | — | 1 |
2002 | — | — | — | — | 9 | — | — | — | 9 |
2021 | — | — | — | — | 2 | — | — | — | 2 |
Родови
уредиДелисинци е влашко село, а порано било и македонско.
Според истражувањата од 1958 година родови во селото биле:
- Македонски: Опутарци (4 к.) најстар род во селото, овде живеат од турско време, подалечното потекло им е непознато; Ристо Коле (3 к.), Пане Риба (1 к.), Дане Ване (2 к.), Лазаровци (1 к.) и Ване Даче (1 к.) сите се доселени после Првата светска војна од селото Богословец.
- Влашки: Гудо (1 к.), Мишо (2 к.), Костовци (1 к.), Штерјо (1 к.), Димовци (1 к.), Атанасовци (1 к.), Ѓоргевци (1 к.) и Костовци 2 (1 к.) првиот род е доселен од селото Ново Село (Велешко), вториот род е доселен од Оморани, третиот, четвртиот и петтиот од Степанци, шестиот е доселен од селото Јакимово, седмиот од Лепопелци, а осмиот од Бучиште. Сите родови се доселени во периодот 1956-57 година.[7]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачкото место бр. 1701 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште во Амзабегово. Во избирачко место се опфатени населените места: Делисинци Амзабегово и Богословец.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 395 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[10]
- Градиште — градиште од старомакедонско и римско време
- Д’лга Ричка — средновековна населба и некропола
- Сред Село — осамен наод од римско време
- Ќунче — населба од римско време
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиОд Македонците се знае за следните иселеници. Петреви во 1918 година се иселиле во селото Сарамзалино. Орданови во 1935 година се иселиле во Ѓуземелци. Во периодот од 1956/57 година од селото се иселиле 9 семејства во Скопје (7 семејства), Штип (1 семејство) и во Велес (1 семејство). Тие иселеници биле доселени после Првата светска војна од селото Богословец.[7]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 233. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134 – 135.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ 7,0 7,1 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 348-349. ISBN 9989-649-28-6.