Дарко Дамјановски
Дарко Дамјановски (Гостивар, 15 јули 1981) — македонски репрезентативец во биатлон и нордиско скијање.
Дарко Дамјановски | ||
Роден | 15 јули 1981 Гостивар, СР Македонија, СФРЈ | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Народност | Македонец | |
Познат | учесник на ЗОИ 2006, 2010 и 2014 | |
Занимање | нордиски скијач |
Член е на скијачкиот клуб „Мирна Долина“ од Гостивар. Негов тренер бил Гојко Динески. Своето деби на значајни натпреварувања го имал на Европскиот куп во биатлон во Обертилијах, во дисциплината спринт бил 101-ви. Најдобар резултат во оваа серија постигнал во Банско во 2007 година, кога го освоил 22. место во спринт. На Европското првенство во биатлон во 2008 година во Нове Место на Моравје во Чешка, бил 75-ти на 20 км индивидуално мешано и 78-ми во спринт, а не ја завршил штафетната трка.
Во натпреварувањето за Светскиот куп во биатлон дебитирал во Оберхоф на 7 јануари 2009 при што се пласирал на 112. место во спринт. Во екот на сезоната 2008/09 на Светското првенство во биатлон во Пјонгчанг во Јужна Кореја, завршил на 96-тото место во сингл и 97-то во спринт. Во скијачко трчање Дамјановски учествувал од 2005 година. Првично настапувал само на ФИС трките во Алпскиот куп и Балканскиот куп. Во 2006 година учествувал на Олимписки игри во Торино во дисциплината скијачко трчање на 15 километри во класичен стил, каде завршил на 84. место. Во 2007 година учествувал во Марвово во рамките на ФИС Купот во трките на 5 и 10 км. Една година подоцна, на македонското првенство во скијачко трчање, го освоил сребрениот медал зад Александар Миленковиќ на 5 километри слободно, а бил четврт на 10 километри.
На военото светско првенство во 2008 година во Хохфилцен, се пласирал на 60-то место на 15 километри.
Во сезоната 2008/09 четири пати учествувал во натпреварувањето за Светскиот куп во скијачко трчање (1 поединечно и 3 пати во спринт), но без забележителни резултати.
На Зимските олимписки игри во Ванкувер во 2010 година, бил член на тричлената македонскиот тим. Се натпреварувал во дисциплината 15 км слободно и го освоил 85-то место во конкуренција на 96 натпреварувачи од 50 земји.
На Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година, бил повторно член на македонскиот тим. Се натпреварувал во дисциплините 15 км слободно при што го освоил 79-то место, и во дисциплината спринт, слободен стил во која се пласирал на 77-то место.[1]
Резултати на Зимските олимписки игри
уредиОлимписки игри | Дисциплина | Резултат | ||
---|---|---|---|---|
Време | Заостанување | Пласман / учесници | ||
Торино 2006 | 15 km слободно | 48:33,7 | 10:32,4 | 84 / 99 |
Ванкувер 2010 | 15 km слободно | 41:48,2 | 8:11,9 | 85 /96 |
Сочи 2014 | 15 km слободно | 79 /? | ||
Сочи 2014 | Спринт, слободен стил | 76 /? |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Darko Damjanovski“. Olympics. Посетено на 12 февруари 2022.
Надворешни врски
уреди- http://services.biathlonresults.com/athletes.aspx?IbuId=BTMKD11507198101 Профил на мрежното место на ИБУ] (англиски)
- https://web.archive.org/web/20100409042835/http://www.vancouver2010.com/olympic-cross-country-skiing/athletes/darko-damjanovski_ath1013097ZB.html Профил на мрежното место на ЗИО 2010 Ванкувер]