Даре Џамбаз
Божидар (Даре) Џамбаз (1 октомври 1911 во Прилеп — 27 јануари 1981 во Скопје) — македонски фармацевт, борец и државник.[1]
Даре Џамбаз | |
---|---|
Министер за финансии | |
На должноста 16 април 1945 – 18 април 1946 | |
Претседател | Лазар Колишевски |
Претходник | Љупчо Арсов |
Наследник | Даре Џамбаз |
Министер за финансии | |
На должноста 18 април 1946 – 31 декември 1946 | |
Претседател | Лазар Колишевски |
Претходник | Даре Џамбаз |
Наследник | Даре Џамбаз |
Министер за финансии | |
На должноста 31 декември 1946 – 6 јануари 1951 | |
Претседател | Лазар Колишевски |
Претходник | Даре Џамбаз |
Наследник | Даре Џамбаз |
Министер за финансии | |
На должноста 6 јануари 1951 – 3 февруари 1953 | |
Претседател | Лазар Колишевски |
Претходник | Даре Џамбаз |
Наследник | ? |
Министер за финансии | |
На должноста 19 декември 1953 – 15 април 1958 | |
Претседател | Љупчо Арсов |
Претходник | ? |
Наследник | ? |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1 октомври 1911 Прилеп, Битолски Вилает, Отоманско Царство |
Починал(а) | 27 јануари 1981 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | (возр. 69)
Животопис
уредиДипломирал фармација во Загреб во 1935 година. Веднаш по окупацијата на земјата во 1941 година стапил во НОБ и бил активен борец. Бил уапсен од бугарските власти и интерниран во Бугарија (1942-1943).
По Втората светска војна бил член на АСНОМ - на Третото заседание во 1945 година, министер за финансии во владите на Лазар Колишевски од 1946 до 1953 година, како и во Владата на Љупчо Арсов од 1953 година.
Бил претседател на РССНМ, претседател на Планинарскиот сојуз на Македонија, а вршел и други општествени и политички раководни функции. Тој е еден од основачите на Републичкиот Црвен крст на Македонија и негов долгогодишен претседател до неговата смрт.[2]
Во негова чест, Домот на хуманитарни организации во Скопје и планинарскиот дом на Водно го носат неговото име.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џ“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1636. Text "series " ignored (help)
- ↑ „Божидар (Даре) Џамбаз“. OLDPRILEP.COM. 2014-10-30. Посетено на 2023-12-15.