Грб на Општина Битола

Грб на Општина Битолагрб на Општина Битола. Тековниот грб бил усвоен на 21 март 2006 година, на свечена седница на советот на општината. Тој ги симболизира богатата и длабока историја на Битола а црвено–златниот штит ја претставува современа Битола, подемот на нејзината урбана, духовна и материјална култура. Воедно со својата визуелна стуктура асоцира и на осончаните врвови на пелистерските молики и пелагониското златно класје. Со својот сферичен долен дел грбот асоцира на белиот амфитеатар во Хераклеја. На семантички и хералдички план значењето и симболиката на грбот дополнително се засилени со чистата колоритна структура. Сината боја ги симболизира граѓанското општество и демократијата. Црвената боја ги симболизира животот и традицијата. Жолтата боја ги симболизира духовното богатство и неговата моќ. Белата боја е метафора на моралната чистота и етиката.[1]

Грб на Општина Битола
Варијанти

Првиот грб на Општина Битола (1944-2006)
Подробно
Усвоен1944
21 март 2006
Претходни варијантиНа бела позадина, народна носија, саат-кулата со планината Баба во позадина, столб од Хераклеја, под кои е наоѓаат запци како симбол на индустријата и вода која тече која ја претставува реката Драгор, додека над сите е испишан датумот на ослободување на градот Битола , над кој пак се наоѓа петтокрака ѕвезда како симбол на социјализмот

Наводи

уреди
  1. Новиот грб и знаме на Општина Битола Архивирано на 23 декември 2014 г. на мрежното место на Општината Битола (македонски)

Надворешни врски

уреди

Поврзано

уреди