Грамаѓе (Дрен)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Грамаѓе

Карта

Местоположба 41°20′13.94″N 21°44′52.85″E / 41.3372056°N 21.7480139°E / 41.3372056; 21.7480139
Основни податоци
Место Дрен (Прилепско)
Општина Прилеп
Тип

 населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Грамаѓеархеолошко наоѓалиште во прилепското село Дрен. Тоа е населба од доцноантичкото време. На 2 км јужно од селото, во непосредната близина на манастирот Св. Илија се гледаат остатоци од градба ѕидана од кршен и приделкан камен со варов малтер. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули и имбрекси. Во манастирот како чесна трпеза служела мермерна ара со две едикули од кои едната има три бисти, а другата две, сите релјефно обработени. Арата е пренесена во Заводот и музеј во Прилеп.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 298. ISBN 9989-649-28-6.