Градски стадион Штип
Градски стадион Штип ― фудбалски стадион со сместивост од околу 4.000 гледачи. На стадионот освен средишното игралиште, има и атлетска патека околу него. Со него стопанисува Општина Штип, а главен корисник е Брегалница 2008. Во минатото, до 2008 година, корисник на теренот била првичната Брегалница.
Градски стадион Штип | |
---|---|
Место | Штип, Македонија |
Отворен | |
Реновиран | 2016, 2020- |
Сопственик | Општина Штип |
Подлога | Трева |
Игра | Брегалница 2008 |
Гледачи | 4.000 |
Историја
уредиВо 2017 година, за време на полуфиналниот натпревар од Купот на Македонија 2016/2017 помеѓу екипите на Брегалница 2008 и Пелистер, за првпат бил одигран вечерен натпревар под рефлектори. Осветлувањето на теренот било спроведено од страна на Општина Штип, а со поддршка на ФФМ.[1]
На 3 јуни 2017 година, во чест на Драгослав Шекуларац, бил одигран ревијален натпревар помеѓу легендите ветерани кои играле за Црвена ѕвезда и Брегалница. Играчите на Брегалница биле Коцев, Арсов (капитен), Иванов, Лазаров, Тасевски, Милосавов, Блажевски, Митев, Боров, Маџунаров, Алексовски, Тркаљинов, Томче Трајановски, Герасимов, Папаров и Маниќ. Екипата на Брегалница била предводена од Мирко Наџаков како тренер. За Црвена ѕвезда настапиле браќата Бошко и Милко Ѓуровски, Драган Канатларовски, Митко Стојковски, Илија Најдоски, Ѓоре Јовановски, Жарко Серафимовски, а дополнети и со Рајковиќ, Милош Шестиќ, Караси, Арсениевиќ, Ачимовиќ, Стојановиќ, Живковиќ, Јефтовиќ. Станислав Караси бил капитенот на Црвена ѕвезда, а екипата била предводена од самиот Драгослав Шекуларац како тренер. Како посебен гостин била легендата на Вардар и Црвена ѕвезда, Кирил Дојчиновски. Правдата ја делел Ванчо Коцев, со помошниците Мијалче Михајлов и Саше Иванов. Натпреварот завршил без победник, односно 5-5. Стрелци на головите за Брегалница биле Маџунаров, Пане Блажевски, Томче Трајановски, Ѓорги Тркалинов и Тоде Митев, додека за Црвена ѕвезда во два наврати стрелале Милко Ѓуровски и Дејан Стојановиќ, а еден гол постигнал Жарко Серафимовски.[2]
Во октомври 2019 година, започнало подновувањето на играчкиот терен на стадионот.[3] Во мај 2020 година, почнало рушењето на западната трибина.[4]
Во јули 2020 година, во кругот на стадионот, во завршна фаза била изградбата на играчките апартмани и клупската административна зграда на Брегалница 2008.[5] Во ноември 2020 година, биле почнати градежните активности за новата западна трибина.[6]
Галерија
уреди-
Стадионот во 2005 година
-
Стадионот во 2010 година
-
Стадионот во 2017 година
-
Теренот
-
Теренот
-
Теренот
-
Теренот
-
Источната трибина
-
Источната трибина
-
Зградата на ФК Брегалница 2008
Наводи
уреди- ↑ „Историски прв натпревар на ФК „Брегалница“ под рефлектори на градскиoт стадион“, Штипски Мозаик, март-април 2017, стр. 18.
- ↑ Владимир Булатовиќ (3 јуни 2017). „Во чест на Драгослав Шекуларац: Ревија на легенди во Штип…“. ekipa.mk. Архивирано од изворникот на 15 август 2023. Посетено на 15 август 2023.
- ↑ „Поради реновирање на теренот во Штип: Брегалница – Победа ќе се игра во Пехчево…“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 3 октомври 2019. Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ Сашо Арсовски (17 мај 2020). „Почна градежно уредување на штипскиот Градски стадион“. Македонска информативна агенција. Архивирано од изворникот 2023-05-21. Посетено на 15 август 2023.
- ↑ „Апартманите чекаат на игралите на Брегалница!“. ekipa.mk преку web.archive.org. 2 јули 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-10. Посетено на 10 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „СТАДИОНОТ ВО ШТИП ЌЕ ДОБИЕ НОВА ТРИБИНА ЗА 100 ГОДИНИ ФУДБАЛ ВО ГРАДОТ, НЕ СЕ ЗНАЕ КОЛКУ ЧИНИ“. sdk.mk. 21 октомври 2020. Архивирано од изворникот 2020-11-26. Посетено на 15 август 2023.