Градево — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во општината Симитли на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои 177 жители (2024).

Градево
Црква во селото
Црква во селото
Градево is located in Бугарија
Градево
Градево
Местоположба во областа
Градево во рамките на Пиринска Македонија
Градево
Местоположба на Градево во Општина Симитли и Благоевградската област
Координати: 41°55′N 23°12′E / 41.917° СГШ; 23.200° ИГД / 41.917; 23.200
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска
ОпштинаСимитли
Површина
 • Вкупна97,505 км2 (37,647 ми2)
Надм. вис.&10000000000000469000000469 м
Население (2024)
 • Вкупно177
 • Густина1,8/км2 (4,7/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2755

Географија и местоположба

уреди
 
Патот Симитли-Мехомија низ селото

Селото се наоѓа во планинско подрачје, во седлото Предел, на надморска височина од 470 м. Низ селото тече Градевска Река. Градево има разбиен тип и се дели на повеќе маала - некои од маалата се Баба Цвета, Марево, Срандашка, Реката и др.

Историја

уреди

Градево настанало како село со колиби. Се споменува во турските документи од 1576 г. Во 19 век овде се одгледувале кози, овци, овес, пченка, јачмен и компир.

Во 1891 година во селото имало 280 домаќинства, две цркви и едно црковно училиште.

Во 1900 година, според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), населението на Градево изнесувало 1650 жители Македонци, сите христијани.[1][2]

На 13 и 14 јули, 1925 година, од страна на четници на ВМРО (Автономистичка), а по наредба на Иван Ванчо Михајлов, бил извршен масакр врз македонското население.

Во текот на учебната 1926-1927 година, во Градево функционирала гимназија со една паралелка, во која учеле 28 ученици (25 момчиња и 3 девојчиња), а предавал еден самостоен наставник.

Демографија

уреди

На табелата е прикажан бројот на населението во Градево за периодот 1934-2011:

година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
население 2564 2449 2113 1137 724 405 293 278 181

Етнички состав

уреди

Број и удел на етничките групи според пописот од 2011 година:

националност број %
Бугари 179 98,90
Роми - -
Турци - -
други - -
не се самоопределиле - -
не одговориле 2 1,10
Вкупно 181 100

Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.[3]

Културни и природни знаменитости

уреди
  • Црквата „Св. Илија“ е објект од национално значење. Изградена во 1847 година во маалото Реката. Станува збор за камена, трикорабна псевдобазилика со предворие и балкон. Во 2011 година била извршена голема реновација и замена на покривот.
  • Црквата „Св. Никола“ била изградена во 1861 година во Овнарската маала.[4]
  • Параклисот „Св. 40 Маченици“ бил осветен во август 2016 година.

Личности

уреди

Родени во Градево

  • Ангел Иванов Кацарски, македонски револуционер.
  • Ангел Мазнеов (1863 – 1902), македонски револуционер.
  • Апостол Данчов (1876 - по 1943), македонски револуционер.
  • Јордан Биров, македонски револуционер.
  • Јордан Цицков (1865 – 1925), македонски револуционер.
  • Мирчо Јуруков (1907 – 1963), македонски револуционер, публицист и историчар.
  • Никола Младенов (1879/1880 –?), македонски револуционер.
  • Петар (Кара Петар), војвода на ВМОРО.
  • Спас Димитров (1877 - по 1918), македонски револуционер.
  • Тодор Иванов Кацарски (1871 – ?), македонски револуционер, уапсен и мачен во врска со киднапирањето на Мис Стон, војвода на една чета за време на Горноџумајското востание во 1902 година.
  • Александар Попаврамов Младенов (19. IV 1892 - ?), македонски револуционер, член на михајловистичкото крило на ВМРО.
  • Христо Градевец, македонски револуционер.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 159.
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Khristov, Khristo Angelov (1995–1999). Ent︠s︡iklopedii︠a︡ Pirinski kraĭ : v dva toma (1. izd. изд.). Blagoevgrad: Red. "Ent︠s︡iklopedii︠a︡". ISBN 954-90006-1-3. OCLC 34443506.CS1-одржување: датумски формат (link)