Гостун
Гостун — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во општината Банско на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои 29 жители (2024).
Гостун | |
---|---|
Центарот во селото | |
Координати: 41°47′N 23°41′E / 41.783°N 23.683°E | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска |
Општина | Банско |
Површина | |
• Вкупна | 52,425 км2 (20,241 ми2) |
Надм. вис. | 1.028 м |
Население (2024) | |
• Вкупно | 36 |
• Густина | 0,69/км2 (1,8/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2773 |
Географија и местоположба
уредиСелото Гостун се наоѓа во планинско подрачје на падините на Пирин планина. Се наоѓа на четири до пет километри од Места, од главниот пат за Неврокоп.
Историја
уредиЦрквата „Свети Илија“ потекнува од 18 век.[1]
До 1934 година селото се викало Густун.[2] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, објавена во Константинопол во 1878 година и која ја одразува статистиката на населението од 1873 година, Гостоун е посочено како село со 110 домаќинства и 380 Македонци.[3][4]
Во 1889 година, Стефан Верковиќ („Топографско-етнографска скица на Македонија“) го забележал Гостун како село со 100 македонски куќи.[5]
При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, еден човек од Густун доброволно се пријавил во Македонско-одринската милиција.
Демографија
уредиНа табелата е прикажан бројот на населението во Гостун за периодот 1934-2011:
година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
население | 621 | 585 | 563 | 500 | 350 | 230 | 143 | 92 | 46 |
Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.[3]
Личности
уредиРодени во Гостун
- Георги Ангелов, македонски револуционер.
- Иван Лебанов (р. 1957), бугарски скијач и политичар, градоначалник на Велинград.
Друго
уреди'Рт Гостун на островот Сноу на Антарктикот е именуван по селото Гостун.[6]
Наводи
уреди- ↑ Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград, Редакция „Енциклопедия“, 1995. ISBN 954-90006-1-3. с. 227.
- ↑ Мичев, Николай, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878-1987“, София, 1989.
- ↑ 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско: Статистика на населението от 1873 г. София, Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33, 1995. ISBN 954-8187-21-3. с. 128 – 129.
- ↑ Верковичъ, Стефанъ. Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. С. Петербургъ, Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба), 1889. с. 234 – 235. (на руски)
- ↑ „SCAR Composite Gazetteer“. data.aad.gov.au. Посетено на 2024-12-19.