Горно Поле (Стар Караорман)
„Горно Поле“
| |
Местоположба | 41°46′04″N 22°13′11″E / 41.76778° СГШ; 22.21972° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Стар Караорман |
Општина | Штип |
Тип |
|
Период | железно време |
раноантичко време | |
Портал „Археологија“ |
Горно Поле - Балабаница — археолошко наоѓалиште во штипското село Стар Караорман. Претставува населба и некропола од железното и раноантичкото време.
Местоположба
уредиСе наоѓа на 1 км јужно од селото, од левата страна на патот за Штип. Претставува издолжено големо плато, со површина од десетина хектари, кое на северозападната и југозападната страна има стрмни падини кон коритото на Брегалница и нејзините суводолици, додека на североисточната страна благо се спушта кон Благова Река.[1]
Ископувања и наоди
уредиВо 1958 година со длабоко рилање и подготвување на теренот за лозова плантажа бил уништен голем број мали тумули (околу 500), со конструкции од камен, во кои имало погребувања на кремирани и закопани покојници. Музејот од Штип извршил пробно истражување при што биле утврдени приближниот број и организацијата на тумулите, начинот на погребувањето и нивната временска припадност. Во 1959 година е извршено повторно ископување, и тоа во средишниот дел на висорамнинката, каде Иван Микулчиќ открил погребувања од V век п.н.е. Остатоци од тумули, како и гробни прилози се среќаваат и денес по целата површина на теренот.[1]
Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Штип. Наоѓалиштето е прогласено за културно наследство на Македонија.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 441. ISBN 9989-649-28-6.