Горно Осеново
Горно Осеново — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во општината Симитли на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои 2 жители (2024).
Горно Осеново | |
---|---|
Координати: 41°59′N 23°16′E / 41.983°N 23.267°E | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска |
Општина | Симитли |
Надм. вис. | 1.006 м |
Население (2024) | |
• Вкупно | 2 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2756 |
Географија и местоположба
уредиСелото Горно Осеново се наоѓа во југозападниот дел на планината Рила, на 20 километри од Горна Џумаја. Единствениот пат го поврзува со Долно Осеново.
Историја
уредиГорно Осеново е признаено за село во 1955 година, а до тогаш се сметало за маало на селото Долно Осеново.
Демографија
уредиНа табелата е прикажан бројот на населението во Горно Осеново за периодот 1956-2011:
година | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
население | 498 | 300 | 57 | 24 | 63 | 30 | 15 |
Етнички состав
уредиБрој и удел на етничките групи според пописот од 2011 година:
националност | број | % |
Бугари | 15 | 93,75 |
Роми | - | - |
Турци | - | - |
други | - | - |
не се самоопределиле | - | - |
не одговориле | 1 | 6,25 |
Вкупно | 16 | 100 |
Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.[1]
Редовни настани
уредиНа христијанскиот празник Духовден и се организира традиционален собор. Секоја година околу црквата „Света Троица“ која е изградена во 1925 година се одржува хуманитарна аукција на која се собираат средства за одржување на црквата. На традиционалниот мајски собир во Горно Осеново доаѓаат и соседите од околните села.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.