Гореме (бугарски: Горемесело во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[2]

Гореме
Гореме is located in Бугарија
Гореме
Гореме
Местоположба во областа
Гореме во рамките на Пиринска Македонија
Гореме
Местоположба на Гореме во Општина Струмјани и Благоевградската област
Координати: 41°35′N 23°6′E / 41.583° СГШ; 23.100° ИГД / 41.583; 23.100
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСтрумјани
Површина
 • Вкупна282 км2 (109 ми2)
Надм. вис.&10000000000000670000000670 м
Население (2024)
 • Вкупно2 [1].
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Историја

уреди

Ран период

уреди

Во месноста Стара населба (северозападно од селото) се пронајдени остатоци од доцноантичка населба. Североисточно од него, во месноста Крсто, има античка некропола. Од тука произлегува откритието на околу 1600 бакарни византиски монети од крајот на 12 и првата половина на 13 век. Средновековната населба се појавила во месноста Црковен (околу 9 км северозападно од селото). Според Јордан Заимов се нарекувале Црковене или Црковјане.

Отоманско Царство

уреди

Во првата полвина на 17 век жителите започнале да го напуштаат старото село и се населиле на местото на денешното село.

Со имињата Гореми и Горелина селото се споменува во отомански регистри од 1611-1617, 1650 и 1660. Егзистенцијата на населението во 19 век се состои од сточарство (овци, кози, свињи), и земјоделство (пченка, ‘рж, јачмен). Во 1860 на местото на мал параклис од 1804 е изградена црквата „Свети Димитар“ (денес споменик на културата).

Во текот на XIX век, селото била мала населба со чисто христијанско население, во почетокот припаѓало на Мелничката каза, а по 1878 година на Петричката каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Гореме (Gorémi) имало 82 домаќинства со 220 жители Македонци.[3] [4]

За време на Македонското востание 1878-1879 е формирана локална чета со војвода Стојан Јанчов. Во Горене и селата Добри Лаки и Игралиште се пријавиле околу 400 доброволци. Петмина жители од селото потпишале петицијата на бегалци од Македонија до генералниот конзул на Велика Британија со барање да бидат ослободени од османлиска власт (5 декември 1878).

Во 1890 година е отворено основно училиште. Училишната зграда е изградена со средства на Мите Бркадански. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 800 жители, сите Македонци.[3][5]

Во 1901 година селото го посетил Гоце Делчев. Овде ја дознал веста за Солунската афера. За време на Горноџумајското востание во есента 1902 година, Гореме бил еден од главните бунтовнички центри во Петричко.[6] Активна револуционерна дејност развил учителот Стојан Стаменов, водач на на месната чета, која за време на востанието во 1902 година водела тешка битка со турската војска кај селото. Во предвечерието на Илинденското востание во 1903 година, четата била разбиена од Турците.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 976 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

За време на Балканските војни 1912 - 1913 година, Александар Георгиев Ханџиски и Атанас Цветков од Гореме ја воделе десната колона на Седмата Рилска дивизија, која се појавила во задниот дел на турската војска, утврдена во Кресненската Клисура, преку Малешевската планина. По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, четири лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[8]

Бугарија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Занимањето на населението по 1912 година било земјоделство и сточарство. Во 1933 година било основано здружението за кредитна задруга Доверие. По 1914 година, жителите од Гореме го населиле селото Будилци. Во 1958 година била основана ТКЗС, од 1968 година - Шумарство (денес Државно шумарство) во село Цапарево. По 1956 година, населението се намалува поради трајно иселување во Сандански, Струмјани и Благоевград.

Географија

уреди

Селото Гореме се наоѓа во планински регион во историско-географскиот регион Каршијак. Се наоѓа на приближно 9 км западно од центарот на Струмјани и приближно 41 км јужно од центарот на градот Благоевград.

Сместено на источните падини на Малешевските Планини, во југоисточното подножје на Горемскиот Рид на надморска височина од околу 700 m. Климата е преодна медитеранска со планинско влијание, зимски максимум и летен минимум на врнежи (просечна годишна количина на врнежи околу 750 mm).

Низ територијата на селото минува реката Гореме, чиј извор го даваат четири притоки, кои пак извираат од: првата притока - извира од областа Војнички азмати; втора притока - извор од областа Обајата; трета притока – извор до Застава Латинка; четврта притока – извира меѓу селата Гореме и Горна Рибница, од областа Золаја, како и четирите места од кои се наоѓаат сите четири притоки на речниот извор во Гореме. Од областа Гореме со вода за пиење се снабдуваат селата Раздол, Гореме, Вракуповица, Крпелево, Микрево, а селото Цапарево делумно се снабдува од областа Золаја.

Население[3][9]

уреди
Население на Гореме по попис[9]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
Жители 759 849 862 647 428 283 237 165 92
Население по возраст
од 2011 година
[10]:

Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[11]

Број на население
Вкупно 92
Бугари 86
Турци -
Роми -
Останати -
Не се определиле -
Без одговор 6

Според пописот на населението од 2023 година, етничкиот состав на селото е следниот:

Број на население
Вкупно 39
Бугари 39
Турци -
Роми -
Останати -
Не се определиле -
Без одговор -

Личности

уреди
Родени

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. www.grao.bg
  2. Guide Bulgaria, Accessed May 5, 2010
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 188.
  6. Георгиев, Георги. Македоно-одринското движение в Кюстендилски окръг (1895 – 1903). София, Македонски научен институт, 2008
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 186-187.
  8. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 838
  9. 9,0 9,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Гореме , общ. Струмяни, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  10. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  11. Попис на населението од 2011 година
  12. Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 100.
  13. Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 46.