Голем државен хурал

Големиот Државен Хурал (монголски:Улсын Их Хурал) е парламентот на Монголија[1] . Тој го претставува законодавното тело во Монголија и волјата на народот.

Монголија

Оваа статија е дел од темата:
Политика на Монголија



Големиот Државен Хурал

Хуралот е место каде работаат сите 76 монголски пратеници. Пратениците се избираат преку парламентарни избори и тие се успешни ако има излезеност од над 50% од гласачкото тело. Сите монголсци над 18 години имаат право на глас ако живеат во Монголија. Пратениците можат да се изберат само ако имаат над 25 години.

Наводи

уреди
  1. Montsame News Agency. Mongolia. 2006, Foreign Service office of Montsame News Agency, ISBN 99929-0-627-8, p. 40