Голак (Огражден)
Голак — врв на планината Огражден сместен од страната на Петричко, Пиринска Македонија, недалеку од границата со Македонија. Се издига на висина од 1.639 м на главното планинско било и има куполест облик. Северозападните падини му се стрмни стръмно кон долината на реката Лебница. Сместен е северозападно од врвот Билска Чука, со кој е поврзан со мало седло и североисточно од Муратов Врв. Сочинет е од метаморфни карпи, претежно од лискунски и биотитски гнајсови и амфиболити. Почвата е кафеава шумска, на места излужени. Билото е голо. Падините се обраснати со букови шуми, а на места се покриени со бел бор.
Голак | |
---|---|
Врвовите Голак (лево) и Билска Чука (десно) | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.639 м |
Координати | 41°30′40″N 23°00′13″E / 41.5111°N 23.0035°E |
Географија | |
Место | Петричко, Пиринска Македонија |
Матичен венец | Огражден |
Искачување
уредиГлавно поаѓалиште за искачување на Голак е селото Гега, од каде почнува планинарска патека обележана со црвено која води до поножјето на врвот (месноста Плетваро).[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 213. ISBN 954-90006-1-3.
Надворешни врски
уреди- Голак во патопис за Огражден (бугарски)