Гијом Ален Жил (француски: Guillaume Alain Gille), (Валанс (Дром), 12 јули 1976) — поранешен ракометар и француски репрезентативец, а сегашен селектор на француската репрезентација. Играл на позицијата среден бек.

Гијом Жил
Жил како играч на РК Хамбург во 2007
Лични податоци
Име и презиме Guillaume Alain Gille
Роден(а) 12 јули 1976(1976-07-12)(48 г.)
Валанс (Дром), Франција
Спорт Ракомет

Клупска кариера

уреди

Својата клупска кариера ја започнал во родниот град Валанс (Дром) во клубот Лориол, каде останал до 1996 година. Таа година, заедно со неговиот брат Бертран, се преселил во Шамбери. Со Шамбери во 2001 година станал првак на Франција, а во 2002 година го освоил купот. Во Шамбери браќата остануваат до 2002 година кога се преселиле во Хамбург. Со Хамбург во 2011 година ја освоил Бундеслигата, а во 2006 и во 2010 година, германскиот куп. Во 2012 година се вратил во Шамбери каде во 2014 година ја завршил својата професионална кариера.

Репрезентативна кариера

уреди

Жил за француската репрезентација дебитирал во 1996 година против Србија. Со Франција, тој неколку пати ги освоил сите најважни титули - златниот медал на Олимписките игри во 2008 во Пекинг и во 2012 г.одина во Лондон, Светското првенство во 2001 година во Франција, 2009 година во Хрватска, Европското првенство 2006 во Швајцарија и во 2010 година во Австрија. Тој исто така освоил бронза на Светското првенство во 1997 година во Јапонија, во 2003 година во Португалија и во 2005 година во Тунис и на Европското првренство 2008 во Норвешка. Од репрезентацијата се простил во 2012 година по Олимписките игри.

Приватен живот

уреди

Роден е во Валанс како најстар од тројцата браќа. И двајцата браќа Бертран и Бенжамен биле ракометари. Целата своја кариера ја поминал играјќи во истите клубови со Бертран.

Клупски трофеи

уреди

Шамбери

уреди

Хамбург

уреди

Надворешни врски

уреди