Гестхахт
град во Шлезвиг-Холштајн, Германија
Гестхахт (германски: Geesthacht) — најголем град во округот Војводство Лауенбург, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа на 34 километри југоисточно од Хамбург, на десниот брег на реката Елба. Градот претставува дел од метрополитенската област Хамбург.
Гестхахт | |
Градското собрание на Гестхахт | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Војводство Лауенбург |
Градоначалник | Фолкер Манов (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 33,18 км2 |
Надм. височина | 5 м |
Население | 32.336 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 975 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | RZ |
Пошт. бр. | 21498–21502 |
Повик. бр. | 04152 |
Портал | geesthacht.de |
Местоположба на градот Гестхахт во рамките на округот Војводство Лауенбург | |
Координати | 53°26′N 10°22′E / 53.433° СГШ; 10.367° ИГД |
Територијата на градот непосредно се граничи со хамбуршкиот кварт Алтенгаме, додека од Долна Саксонија е разделена преку Елба, а самиот град се наоѓа на тромеѓе помеѓу трите покраини (Шлезвиг-Холштајн, Хамбург и Долна Саксонија).
Историја
уреди- Околу 800 година: Била спомената црква.
- 1216: Прв документирано спомнување на населба како „Хахеде“ (Hachede), тогаш дел од Саксонија.
- Промената на текот на Елба ја поделило населбата на две: Гестхахт и Маршахт (денес во Долна Саксонија).
- 1296: Гестхахт станал дел од Војводството Саксо-Лауенбург, кое настанало по распаѓањето на Саксонија.
- 1370: Војводата Ерик III го заложил Гестхахт — како дел од Грофовијата Бергедорф — на Либек.
- 1401: Војводата Ерик IV насилно ја преземал заложената земја.
- 1420: Гестхахт е отстапен како дел на кондоминиум („владеење на два субјекта на иста територија“) на Ханзините градови Хамбург и Либек со Мирот во Перлеберг.
- 1811: Гестхахт е освоен од Франција.
- 1813: Повратен е кондоминиум.
- 1865/66: Шведскиот хемичар Алфред Нобел основал фабрика за глицерол во Гестхахт (на ридот Кримел) и го осмислил динамитот. Кримел станал првата фабрика за динамит во светот.
- 1868: Либек го продал својот удел во кондоминиумот на Хамбург, а со тоа Гестхахт станал дел од територијата на Хамбург.
- 1906: Отворање на железничката линија Бергедорф-Гестхахт.
- 1918–1933: Гестхахт е средиште на радикалните левичарски партии (USPD, KPD и SAPD) и го добил прекарот „Малата Москва“.
- 1924: Добил градски права од Хамбург на 2 јануари.
- 1928: Уништување на историското градско јадро со пожар.
- 1937: Поради територијалната реорганизација на Хамбург (Закон за голем Хамбург), Гестхахт е префрлен на пруската покраина Шлезвиг-Холштајн, каде станал дел од округот Војводство Лауенбург.
- 1953: Прекин на патничкиот сообраќај на железничката линија Бергедорф-Гестхахт.
Меѓународни односи
уредиЗбратимени градови
уредиГестхахт е збратимен со следниве градови:
- Хогезанд-Сапемер, Холандија (од 1966 г.)
- Чадертон, Велика Британија (од 1966 г.)
- Плезир, Франција (од 1975 г.)
- Кулдига, Латвија (од 1991 г.)
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Гестхахт на Ризницата ?
- Официјална страница Архивирано на 31 мај 2007 г. (германски)
- Вести Гестхахт Архивирано на 24 април 2011 г. (германски)
- Галерија на Гестхахт Архивирано на 15 април 2005 г. (германски)