Геометрија
Геометријата (старогрчки: γεωμετρία; гео = Земја, метрија = мерење) е дел од математиката концентриран на прашања поврзани со големината, формите и релативната позиција на фигурите во просторот. Геометријата е една од најстарите науки. Основите на практичното знаење за должина, површина и волумен се познати уште од третиот век п.н.е. кога геометријата добила аксиоматичка форма од страна на Евклид со што се нарекла Евклидова геометрија која била стандард за многу векови подоцна.
![](http://up.wiki.x.io/wikipedia/commons/thumb/1/13/Teorema_de_desargues.svg/236px-Teorema_de_desargues.svg.png)
Историски развој
уредиПочетоците на геометријата датираат во старите цивилизации во Месопотамија и во Египет. Така, фараонот Сезоотрис ја разделил обработливата земја на населението, кое плаќало данок според големината на доделената земја. Меѓутоа, бидејќи Нил одвреме-навреме го поплавувал околното земјиште, по барање на сопствениците на оштетените парцели, фараонот испраќал земјомери за да измерат колкав дел од земјиштето е уништено. Според пишувањето на Херодот, така настанале првите зачетоци на геометријата во Египет, која подоцна се проширила во Стара Грција. Всушност, оттаму потекнува името „геометрија“ кое е изведено од грчките зборови за земја (геа) и за мерење (метрео). Според тоа, зборот „геометрија“ буквално преведен значи „мерење на земјата“.[1]
Наводи
уреди- ↑ Боривоје Миладиновиќ, Трајче Ѓорѓијевски и Никола Петрески, Математика за II година гимназиско образование. Скопје: Алби, 2009, стр. 116.
Поврзано
уредиОваа статија од областа на математиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |