Воена катедрала Свети Никола (Киев)
Воената катедрала Свети Никола (украински: Військовий Микільський собор) е поранешна катедрала која се наоѓала во Киев, Украина. Таа претставувала една од воените катедрали на Руската Империја со поглед кон Днепар.
Катедрала Свети Никола Військовий Микільський собор | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Киев, Украина |
Осветен | 1696 |
Мреж. место | http://www.mykilsky.org.ua/ |
Архитектонски опис | |
Архитектонски стил | барок |
Завршен | 1696 |
Самиот христијански храм бил дизајниран од страна на Осип Старцев, во стил на барок. Црквата била изградена во 1696 година, а била позната по своите блескави позлатени икони. Камбанаријата била поставена во XVIII век.
Во 1934 година, советските власти ја срушиле палатата, а на нејзино место изградиле пионерски дом.