Владимир Плавевски
Владимир Плавевски (Скопје, 11 декември 1948 — Скопје, 4 јули 2023) — македонски писател[1] и аматерски фотограф.
Владимир Плавевски | ||
Роден | 11 декември 1948 Скопје, СФРЈ | |
---|---|---|
Починал | 4 јули 2023 (возраст: 74) Скопје, Македонија | |
Занимање | писател, фотограф и професор |
Животопис
уредиПлавевски е роден на 11 декември 1948 година во [Скопје]. Со аматерска фотографија почнал да се занимава од својата рана младешка возраст, а со интензивно излагање фотографии на бројни групни изложби дејствува во периодот 1973 до 1990 година. Во седумдесеттите години бил член, а потоа и претседател на Фото клубот "Вардар" од Скопје (1978 - 1990) како и претседател на Фото сојузот на Македонија (1982 - 1986). Член е на ДЛУПУМ од 1983 година и бил предавач по предметот "Фотографија" на Факултетот за Драмска уметност во 1993/94 година. Учествувал на голем број групни изложби во земјата и во странство и е добитник на поголем број награди и признанија. Плавевски по професија е доктор. спец. оториноларинголог, Примариус. Автор е на повеќе драмски текстови, сценарија за телевизиски серии, ТВ филмови и радио драми. Од 2000 година е член и на ДПМ.
Библиографија
уредиВо врска со фотографијата објавил две книги:[2]
- „Папарацо - феномен на денешнината“ (Алфа 94, Скопје 1997.) и
- „Фотографија“ (Алфа 94, Скопје 1998.)
Објавил и пет книги со раскази:
- „Играч на Фанта“ (1997),
- „Амкање“ (2001),
- „Ловец на самовили" (2004);
- „Поплава“ (2006);
- „Вистински приказни“ (Македоника литера, Скопје, 2011)
Романи:[3]
- „Цена од Ново Маало“ (2009)
- „Последниот сплавар на Вардар“ (2010) со второ издание „Сплаварот“ (2012) преведено на полски и на бугарски;
- „Јадица“ (2013)
- „Комита“ (2015)
- „Земјотрес, 5:17“ (2017)
- „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ (2018)
- „Вампирџија“ (2019)
- „Боксерот од Ново Маало“ (2020)
- „Туѓо тело“ (2020)
- „Бај Којо“ (2021)
Автор е на сценарија според кои за Македонската радио-телевизија досега се снимени повеќе од 40 епизоди од играните серии: „Еурека“, „Прекалени“, „Светски бајки“, „Македонски бајки“ и „Златни басни“. Сценарист е и на ТВ-филмовите: „Состојба пред инфаркт“ (1987), „Бог да ги убие шпионите“ (1993) и „Вампирџија“ (2002), „Бои во времето“ (2005, специјална награда „Златен проектор“ на Астер-фест 2006); „Нави“ (2007), а режисер и сценарист на тв филмот „Мултиплеј“ (2008). За Македонското радио му се снимени девет радиодрами. Неговите драмски текстови „Пипа ритам“ (1986), „Балерината“ (1994), „Кралот Хамлет“ (1995) и „Каста Дива“ (1997), детскиот драмски текст „Трагачи по виножитото“ (1988) и „Министерот и јас“ (2002) се поставени на сцената на Турскиот театар во Скопје; „Раскол“ во Народниот театар во Куманово (1998); а „Операција Лир“ во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица (2002).
Награди
уреди- 2013 - Награда Роман на годината за книгата „Јадица“[4]
- 2020 - Награда „Стале Попов“ за книгата „Боксерот од Ново маало“[5]
Наводи
уреди- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 203 - 204.
- ↑ „Книга раскази за вистински личности од Владимир Плавевски“. Утрински Весник. 28 ноември 2011. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 2012-01-09.
- ↑ „Почина докторот што уживаше да пишува за предземјотресно Скопје, писателот Владимир Плавевски“. Филип Здравески. 6 јули 2023. Архивирано од изворникот на 2023-07-07. Посетено на 2023-07-06.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Почина докторот што уживаше да пишува за предземјотресно Скопје, писателот Владимир Плавевски“. Филип Здравески. 6 јули 2023. Архивирано од изворникот на 2023-07-07. Посетено на 2023-07-06.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „ДОБИТНИЦИ НА КНИЖЕВНИТЕ НАГРАДИ НА ДПМ ЗА 2020 ГОДИНА“. Посетено на 8 август 2021.