Вилхелм I (Хесен)
Вилхелм I (германски: Wilhelm I, Kurfürst von Hessen; 3 јуни 1743 – 27 февруари 1821) — најстариот преживеан син на Фридрих II, Ландграв од Хесен-Касел и принцезата Марија од Велика Британија, ќерка на Џорџ II.
Вилхелм I | |
---|---|
![]() Портрет од Вилхелм Ботнер, 1795 година | |
Изборен кнез на Хесен | |
На престол | 31 октомври 1785 - 27 февруари 1821 |
Претходник | Фридрих II |
Наследник | Вилхелм II |
Роден(а) | 3 јуни 1743 Касел, Ландгравијат Хесен-Касел |
Починал(а) | 27 февруари 1821 (возр. 77) Касел, Изборно Кнежевство Хесен |
Сопружник | Вилхелмина Каролина (Принцеза од Данска) (в. 1764; п. 1820) |
Династија | Династија Хесен |
Татко | Фридрих II, Ландграв од Хесен-Касел |
Мајка | Марија Принцеза од Велика Британија |
Вероисповед | Калвинизам |
Неколку други изборни кнезови на Светото Римско Царство биле признати за кралеви на Конгресот во Виена (1815), а Вилхелм се обидел да им се придружи со тоа што се прогласил за крал на Хатите. Меѓутоа, европските сили одбиле да ја признаат оваа титула на Конгресот во Екс-ла-Шапел (1818) и наместо тоа му ја дале титулата Голем Војвода. Сметајќи дека титулата принц-изборник е супериорна по достоинство од онаа на Големиот Војвода, Вилхелм избрал да остане електор, иако веќе непостоело Царството. Хесен-Касел ќе остане електорат додека не биде припоен од Прусија во 1866 година.