Википедија:Избрана статија/2009/16
Сер Френсис Дрејк, вицеадмирал (околу 1540 – 27 јануари 1595), бил англиски гусар, навигатор (морепловец), трговец на робје, и политичар од елизабетанската епоха. Кралицата Елизабета I му доделила витештво на Дрејк во 1581. Бил втор по команда на англиската флота против шпанската армада во 1588, потчинувајќи се само на Чарлс Хавард и на Кралицата. Починал од дизентерија во јануари 1596 г. по неуспешниот напад на Сан Хуан, Порторико во 1595.
Неговите достигнувања биле легендарни, правејќи го херој меѓу Англичаните, но пират меѓу Шпанците, меѓу кои бил познат како El Draque, „Змејот“. Кралот Филип II понудил награда од 20.000 дукати (денес околу 4 милиони фунти или 4,5 милиони евра) за неговиот живот. Познат е исто така по тоа што го обиколил светот по вода (1577 - 1580). Повеќе...