Википедија:Викисредба (29 април 2013)
Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.
Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба.
Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedijalists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор.
Викисредби |
2024
2023
2022
2020
2019
2018
2017
2014
2013
2012
XXV • XXVI • XXVII • XXVIII • XXIX • XXX • XXXI • XXXII • XXXIII • XXXIV •
2011
2010
2009
2008
2007
2006
|
Поканети се сите заинтересирани да присуствуваат на Вики-средбата:
- Датум: 29 април 2013 година (понеделник)
- Време: 18:00
- Место: EveryDay
Потврдено присуство
уреди- --Kiril Simeonovski (разговор) 11:33, 26 април 2013 (CEST)
- --Ehrlich91 (разговор) 20:26, 26 април 2013 (CEST)
- --Igor Sazdovski (разговор) 01:45, 29 април 2013 (CEST)
Не можат да присуствуваат
уредиПрисутни
уредиВики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:
Извештај
уредиКако по обичај, јас и Тони се чекавме пред Железничката станица, откаде што се упативме кон EveryDay. По пат разговаравме за топлото време и неочекувано високите температури на крајот од април, како и за разликите меѓу летните температури во Македонија и во другите земји во Европа. Кога пристигнавме, продолживме со активностите на учениците и студентите, а притоа особено ја пофаливме активноста на професорката и учениците од СГГУГС „Здравко Цветковски“ во Скопје во создавањето на квалитетни статии за различните видови на птици. Во меѓувреме, нѝ се придружи и Саздо и со него разменивме некој збор за активностите на студентите од Економскиот факултет и нивните уредувања на статии од областа на статистиката. Понатаму, разговаравме и за можностите за започнување на некои други проекти и искористувањето на шансите коишто се пружаат за нивно соодветно финансирање. Имено, особено се осврнавме на можноста оваа година да се вклучиме во организација на проектот „Вики ги сака спомениците“ (Wiki Loves Monuments).
По завршувањето на темите поврзани со Википедија, отворивме дискусија за некои актуелни теми, како што се проектот „Скопје 2014“, стратегијата на Македонија за привлекување на странски туристи, идејните проекти коишто ќе бидат спроведени во град Скопје и квалитетот на високото образование во Македонија и другите земји во Европа. Јас, исто така, отворив и тема за висината на цените низ европските градови во споредба со Скопје, а потоа Тони се надоврза со цените во градовите низ Германија. Средбата заврши некаде околу 19:30.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:19, 3 мај 2013 (CEST)
Викисредби низ светот | |
---|---|
Африка: | Александрија • Кејптаун |
Америка: | Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс |
Азија: | Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај |
Европа: | Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска |
Океанија: | Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј |