Византиски монети
Византиски монети — парите Источното Римско Царство по падот на Западното, кои претежно се состоеле од два вида монети: златниот солид и различни бронзени пари со јасно истакната вредност. Кон крајот на царството се издавале само сребрени ставратони и ситни бакарни парички.[1]
Иконографија
уредиРановизантиските монети ја следат доцноримската традиција: на лицето прикажаа главата на царот од напред наместо од страна, а на опачината најчесто бил претставен христијански симбол како крст, Победата или ангел. Јустинијан II прв почнал да отстапува од ова, прикажувајќи го Исус Христос на предната, и половичен или целосен портрет на царот на задната страна. Овие новини го навеле калифот Абдул Мелик да ги измени арапските монети, кои дотогаш изгледале како византиските, но со исламски симболи. Подоцна ова ќе се претвори во посебен исламски стил на монети, со зборови од двете страни. Ваквите пари продолжиле да се корсистат во сите исламски земји сè до XX век.
Парите со ваков изглед престанале да се коваат во периодот на иконоборство, а по него останале како стандардни со крајот на царството.
Во X век се ковале пари со со биста на Исус на лицето наместо портрет на царот, на чија опачина стоело „ХРИСТОС/вАСИЛЕВ/вАСИЛЕ“, „Христос — Цар над Царевите“
Византиските монети со тек на време станувале сè потенки и поголеми, за на крајот да станат толку тенки, што лесно се виткале со рака. Сепак, нивниот престиж бил голем, а изгледот бил имитиран од европските владетели сè до падот на Византија
Апоени
уредиСпоред нумизматиката, византиските пари почнуваат со платежната реформа на царот Анастасиј во 498 г. со која се воведува златен солид и бронзен нум. Нумот е многу ситна паричка со пречник од 8 до 10 мм и тежина од 0,56 или 1⁄276 од римската либра.[2] Ова се покажало некорисно поради тоа што требало голем број монети дури и за мали плаќања.
Властите вовеле нови бронзени монети, содржатели на нумот, како што се онаа од 40 нуми (наречена и „фолис“), 20 нуми, 10 нуми и 5 нуми (повремено се ковале и други апоени). На лицето бил прикажан високостилизиран портрет на царот, а на опачината стоела вредност на апоенот претставена со грчки бројки (М=40, К=20, I=10, Е=5). Сребрените монети се правеле ретко.
Единствената сребрена монета која се ковала редовно бил хексаграмот, воведен од Ираклиј I во 615 г. и траела до крајот на VII век.[3][4] Се изработувала со различна чистота и тежина од 7,5 до 8,5 грама. Оваа пара подоцна била заманета со милијарезионот воведен како обреден од Лав III Исавријанин околу 720 г., кој станал стандарден во 830 г. и бил се користел сè до крајот на XI век, кога е укинат бидејќи станал многу примесен. Во овој период, поситниот промет се одвивал со бронзени монети.
Златниот солид или „номизма“ се задржал како стандард во меѓународната трговија сè до XI век. Во 30-тите години на XI век за време на царот Роман III Аргир (1028–1034) почнал да обезвреднува со примеси, но дотогаш ја одржувал чистотата на 0,955–0,980.
Паричниот систем на Византија се изменил во VII век, кога парата од 40 нуми (наречена и „фолис“), која сега била значајно помала, станала единствената бронзена монета што се ковала редовно. Иако Јустинијан II (685–695 и 705–711) се обидел да му ја поврати големината на фолисот од времето на Јустинијан I, оваа монета продолжила постепено да се намалува во димензии.
На почетокот на IX век е направен обид пазарот да прифати употреба на полесни монети со вредност на дотогашните, па така, напоредно со обичниот е воведен и солид со тричетвртинска тежина, запазувајќи ја истата чистота. Оваа монета со тежина 11⁄12 била наречена „тетартерон“ (четвртник), додека пак солидот со полна тежина го добил називот „истаменон“. Тетартеронот не се покажал како успешен и се ковал само порвремено во текот на X век. Солидот со полна тежина бил 1⁄72 римска либра, или приближно 4,48 грама. Во оптек биле и солиди со тежина намалена за една силиква, наменети за тргување со Блискиот Исток. Овие пари имале ѕвезда од обете страни и тежеле 4,25 г.
Византискиот солид бил ценет во западна Европа, каде со време го добил називот „бизант“ поради своето потекло. Подоцна поимот продолжил да се употребува во хералдиката за чесната фигура „златен круг“.
Реформите на Алексиј I
уредиЗа време на царот Роман IV Диоген (1067–1071), солидот се правел со 15% злато. Алексиј I Комнин (1081–1118) го укинал и вовел единица со многу поголем удел на злато (,900-,950) наречена „хиперпирон“, тешка 4,45 грама.
Хиперпиронот бил малку помал од солидот. Воведен е заедно со електонот „аспрон трахи“, вреден ⁄1 хиперпирон и околу 25% злато и 75% сребро, билонскиот аспрон трахи или „стаменон“, со вредност од 1⁄48 хиперпирон и 7% посребреност, како и бакарните „тетартерон“ и „нумион“ со вредност од 1⁄18 и 1⁄36 аспрон трахи.[5]
Реформите на Андроник II
уредиАндроник II вовел нови монети по образец на хиперпиронот: сребрениот милијарезион или „василика“ со вредност 1⁄12 хиперпирон и билонска „политика“ со вредност од 1⁄96 хиперпирон.[5] Заедно со бакарната асарија, турнезија и фолара, василиоконот претставува имитација на венецискиот дукат и бил во оптек педесет години, почнувајќи од 1304 г.[6]
Хиперпиронот редовно се ковал и користел сè до 50-тите години на XIV век, а потоа станал чисто сметковна единица. По 1400 г., византиските пари станале незначајни, а за сметка на нив се наметнале италијанските монети.
Овие штитести парички наречени „трахи“ се ковале во електонска (со примесно злато) и билонска варијанта (примесно сребро). Причините за ваквиот облик не се јасно познати, но се претпоставува дека целта е полесно складирање.
Реформа во 1367 г.
уредиВо текот на последнат фаза, византиските власти престанале да изработуваат златни пари и ги замениле со сребрени. Апоенот бил ставратион со вредност 1, 1⁄2, 1⁄8[1] и 1⁄16.[6][7] Се ковале и бакарни монети наречени „фолари“ и „торнеси“.[8]
Споредба на апоени
уредиСолиди | Фолиси | Половини фолиси | Десет нуми | Пет нуми | Нум | |
---|---|---|---|---|---|---|
Солид | 1 | 420 | 840 | 1680 | 3360 | 16 800 |
Фолис | 1⁄420 | 1 | 2 | 4 | 8 | 40 |
Половина фолис | 1⁄840 | 1⁄2 | 1 | 2 | 4 | 20 |
Десет нуми | 1⁄1680 | 1⁄4 | 1⁄2 | 1 | 2 | 10 |
Пет нуми | 1⁄3360 | 1⁄8 | 1⁄4 | 1⁄2 | 1 | 5 |
Нум | 1⁄16 800 | 1⁄40 | 1⁄20 | 1⁄10 | 1⁄5 | 1 |
Поврзано
уреди„Византиски монети“ на Ризницата ? |
Белешки
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „The Story of Constantine XI; The Last Byzantine Emperor (1448-1453 AD)“. 8 May 2008. Архивирано од изворникот на 2012-02-11. Посетено на 2015-08-04.
- ↑ „The Story of Justinian“. Tulane.edu. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 8 May 2008.
- ↑ „Greek and Roman Coins“. Cngcoins.com. 8 May 2008.
- ↑ „Byzantine coins“. Doaks.org. 8 May 2008. Архивирано од изворникот на 2007-08-07. Посетено на 2015-08-04.
- ↑ 5,0 5,1 „History 303: Comnenian and Palaeogian Ages“. Tulane.edu. Архивирано од изворникот на 2013-10-05. Посетено на 2013-09-08.
- ↑ 6,0 6,1 „The Basilicon Episode (1304–ca. 1367)“. Doaks.org. 8 May 2008. Архивирано од изворникот на 2008-06-28. Посетено на 2015-08-04.
- ↑ „Manuel II Paleologus“. Dirtyoldcoins.com. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2013-09-08.
- ↑ „The Stavraton Period (14th–15th centuries)“. Doaks.org. 8 May 2008. Архивирано од изворникот на 2007-08-07. Посетено на 2015-08-04.
- ↑ „History 303: Justinian and Heraclius“. Tulane.edu. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2013-09-08.
Извори
уреди- Grierson, Philip (1982), Byzantine coins, Taylor & Francis, ISBN 978-0-416-71360-2
- Grierson, Philip (1999), Byzantine coinage (PDF), Dumbarton Oaks, ISBN 978-0-88402-274-9, Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-06-13, Посетено на 2015-08-04
- Hendy, Michael F. (1985), Studies in the Byzantine Monetary Economy c.300–1450, Cambridge University Press, ISBN 0-521-24715-2
- Kazhdan, Alexander, уред. (1991), Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, ISBN 978-0-19-504652-6
Надворешни врски
уреди- „Средновековна нумизматика — Историјат на византиските монети“. Археолошки музеј на Македонија. Архивирано од изворникот на 2015-07-11. Посетено на 2015-08-05.
- Византиски монети подредени по владетели