Васаби
Васаби (јапонски: 山葵 или ワサビ, од јап. 和佐比, [wásàbì]; науч. Eutrema japonicum или Wasabia japonica) или јапонски рен — вид повеќегодишно тревно растение од родот Eutrema од семејството Brassicaceae. Растението е познато како „јапонски рен“, но всушност не е рен, иако е поврзано со него (и двата рода припаѓаат на исто семејство). Зачините направени од неговиот ризом исто така се нарекуваат васаби и широко се користат во јапонската кујна.[1] Бидејќи васабито е тешко за одгледување, овој скап производ надвор од Јапонија обично се заменува со мешавина од рен (кој Јапонците понекогаш го нарекуваат „западен васаби“), синап и зелена прехранбена боја.[2][3]
Васаби Јапонски рен | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Eutrema |
Вид: | Васаби Јапонски рен |
Научен назив | |
Eutrema japonicum (Miq.) Koidz. | |
Синоними | |
|
Опис
уредиПовеќегодишно коренско тревесто растение со едноставно лиснато стебло, ползи или виси, кое сепак достигнува висина од 45 см. Лисјата се тркалезни или срцевидни, со долга дршка и назабен раб, поголеми во долниот дел на стеблото; најгорните лисја често се поделени на делови. Цветовите се мали, бели, со ливчиња, собрани во горна китка. Ливчињата се јајцевидни, со издолжен нокт. Цвета во април — мај. Плодот е мешунка со осум семиња.[4]
Наводи
уреди- ↑ Бошков, Зоран (2022-07-18). „Васаби или јапонски рен“. Zemjodelie.mk. Посетено на 2023-12-20.
- ↑ „Eutrema japonicum (Miq.) Koidz. | Plants of the World Online | Kew Science“. Plants of the World Online (англиски). Посетено на 2023-12-20.
- ↑ „What is Wasabi and Why You've Probably Never Eaten It“ (англиски). 2021-07-05. Посетено на 2023-12-20.
- ↑ Morgan, Lynette (2005). „Hydroponic Production of Wasabi & Japanese Vegetables“. Во Weller, Thomas; Peckenpaugh, Douglas (уред.). The Best Of Growing Edge International, 2000–2005. New Moon Publishing. ISBN 978-0-944557-05-1. Посетено на 9 August 2016.
Надворешни врски
уреди„Васаби“ на Ризницата ? |
- Douglas, James A. (1993). „New Crop Development in New Zealand“. Во Janick, Jules; Simon, James E. (уред.). New crops. Second National Symposium, New Crops: Exploration, Research, and Commercialization. Purdue University, Center for New Crops & Plant Products. Wasabi. ISBN 0-471-59374-5. OCLC 468737540.
- „Wasabi (Wasabia japonica (Miq.) Matsum.)“. Gernot Katzer's Spice Pages. 11 February 2007.
- „Wasabi: Japanese flavor—Part 1: Seeking 'Japan's No.1'“. The Asahi Shimbun. 29 December 2016.
- „Wasabi: Japanese flavor—Part 2: Exceed Real Ones“. The Asahi Shimbun. 9 August 2017.
- „How to grow wasabi: step-by-step guide“. Gardeningnorm. 1 August 2022.