Вардарска бановина
Вардарската Бановина — административно територијална единица (бановина) во рамките на Кралството Југославија од 1929 до 1941 год. Се наоѓала на најјужниот дел на земјата, во чии рамки спаѓала целата територија на денешна Република Македонија, јужните делови од Средна Србија и југоисточно Косово. Именувана е по реката Вардар со административно средиште во градот Скопје.[1]
Вардарска Бановина | |||||
Бановина на Кралството Југославија | |||||
| |||||
Вардарската Бановина (црвено) во рамките на Кралството Југославија (светложолто) | |||||
Главен град | Скопје | ||||
Историја | |||||
- | Основана | 3 октомври 1929 | |||
- | Априлска војна | април 1941 | |||
Површина | |||||
- | 1931 | 36.672 км2 | |||
Население | |||||
- | 1921 | 1.323.546 жит. | |||
- | 1931 | 1.574.243 | |||
Густина | 42,9 жит./км2 | ||||
Денес во | Македонија, Србија, Косово |
На чело на бановината бил бан, именуван од кралот, по предлог од Министерскиот совет, со мандат од 4 години. Бановината била востановена е со посебен закон и во неа влегувале Вардарскиот дел на Македонија, Јужна Србија, областа Косово и речиси цела Метохија, со вкупно 36.672 км2. Бановината била поделена на 44 околии (срезови) и 453 општини, подоцна намалени на 365.
Според статистиките од 1930 година, од деветте југословенски бановини во тоа време, Вардарската Бановина била најголема бановина со површина од 38.879 км2, а четврта според население со 1,386,370 жители.[2]
Граници
уредиСпоред уставот на Кралството Југославија од 1931, Вардарската Бановина на север се граничела со границите на Зетската и Моравската Бановина, а на исток, југ и запад со државните граници на Бугарија, Грција и Албанија.
Историја
уредиБановината била создадена со новата административно-територијалната поделба на државата во октомври 1929 година, истовремено кога било сменето името од Кралство на Србите, Хрватите и Словенците во Кралство Југославија. Подоцна била потврдена и со следниот т.н. Октроисан устав од 1931 година.
Во 1941, силите на Оската во Втората светска војна ја зазеле Југославија, и со тоа Вардарска Бановина и ја поделиле помеѓу Бугарија, Србија под германска воена управа и Албанија под италијански протекторат. По Втората светска војна, јужниот дел од регионот станал Демократска Федерална Македонија додека северниот дел се припоил кон Демократска Федерална Србија, кои пак биле дел од Демократска Федеративна Југославија.
Демографија
уредиПопис на населението на Кралство Југославија од 1931[3] (по вероисповед) | |||
---|---|---|---|
вера | број на верници | % | |
Банови
уредиСлика | Име (Роден–Починал) |
Почеток на мандатот | Крај на мандатот |
---|---|---|---|
Живоин Лазиќ (1876—1958) |
1929 | 1932 | |
Добрица Матковиќ (1887—1973) |
1932 | 1933 | |
Драгослав Ѓорѓевиќ (1887—1973) |
1933 | 1935 | |
Ранко Трифуновиќ (1878—1939) |
1935 | 1936 | |
Душан Филиповиќ | 1936 | 1936 | |
Драган Пауновиќ | 1936 | 1937 | |
Марко Новаковиќ | 1937 | 1939 | |
Владимир Хајдук-Вељковиќ (1892—1939) |
1939 | 1939 | |
Александар Цветковиќ (1892—1939) |
1939 | 1939 | |
Александар Андреевиќ (1877—?) |
1939 | 1940 | |
Живоин Рафајловиќ (1871—1953) |
1940 | 1941 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Heinz Willemsen/Stefan Troebst: Schüttere Kontinuitäten, multiple Brüche; Die Republik Makedonien 1987-1995 in Egbert Jahn (Hrsg.): Nationalismus im spät- und postkommunistischen Europa. Band 2: Nationalismus in den Nationalstaaten, Verlag Nomos, 2009, ISBN 978-3-8329-3921-2, S. 517 (германски)
- ↑ Објавено од Централното Пресс Биро на Министерскиот совет, Белград, 1930 година.
- ↑ „Глас јавности: Попис 1931. по Бановини“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2022-10-21.