Букурешки договор (1918)
Букурешки договор (1918) – мировен договор меѓу Романија и спротивставените Централни сили по застојот фронтот во 1917 година. Романија останала изолирана по руското еднострано излегување од Првата светска војна (види Фокшанско примирје и Брест-литовски договор)
Романскиот премиер Александру Маргиломан го потпишува договорот | |
Потпишан | 7 мај 1918 |
---|---|
Место | Палата Котрочењ, Букурешт, Кралство Романија (под окупација на Централните сили од декември 1916) |
Услов | Ратификуван од Романија и Централните сили |
Потписници | Рихард фон Килман Паул фон Кернер Јоханес Криге генерал-мајор Емил Хел поморски капетан Ханс Бене Стефан Бурјан фон Рајец Васил Радославов Димитар Тончев генерал-мајор Цантлоф Љубомир Милетич Ахмед Несими-бег Ахмед Изет-паша Хикмет-бег Александру Маргиломан |
Странки | Германско Царство Австроунгарија Отоманско Царство Бугарија Романија |
Јазици | германски, романски, унгарски, бугарски, отомански турски[1] |
По ултиматумот на Централните сили објавен за време на средбата меѓу кралот Фердинанд I и Отокар Чернин, австроунгарскиот министер за надворешни работи, на 27 февруари (ст. ст. 14 февруари) на железничката станица во Ракачуни, кралот Фердинанд го свикал Крунскиот совер на 2 март (ст. ст. 17 февруари) во Јаш, романската престолнина во егзил. После долги и тешки дискусии, кои траеле 3 дена, и покрај силното спротивставување на кралицата Марија и генералот Константин Презан, Крунскиот совет решил да го прифати ултиматумот и да испрати претставници во Буфтеа да преговараат прелиминарен мировен договор. Прелиминарниот мировен договор бил склучен на 5 март 1918 година (ст. ст. 20 февруари), со кој Романија ги прифатила промените на границите во корист на Австроунгарија, да ја отстапи цела Добруџа, да демобилизира најмалку 8 дивизии, да ја напушти австроунгарската територија која сè уште ја поседувала и да им овозможи премин на трупите на Централните сили низ Западна Молдавија и Бесарабија кон Одеса.[2]
Александру Маргиломан, тогашниот премиер на Романија, го потпишал конечниот договор во палатата Котрочењ, Букурешт, на 7 мај 1918 година (ст. ст. 25 април) и истиот бил ратификуван од Комората на пратениците на 28 јуни и од Сенатот на Романија на 4 јули 1918 година.[3] Меѓутоа, кралот Фердинанд одбил да го потпише или објави.
Наводи
уреди- ↑ „Article XXX of the Treaty“. Архивирано од изворникот на 2019-03-24. Посетено на 10 август 2017.
- ↑ Nicolae Iorga, Acte privitoare la istoria marelui războiu, „Revista Istorică", Year XVIII, Issues 7-9, Bucharest, 1932
- ↑ „Primary Documents - Treaty of Bucharest, 7 May 1918“. FirstWorldWar.com. Посетено на 18 October 2019.
Надворешни врски
уреди„Букурешки договор (1918)“ на Ризницата ? |