Буково (Пиринско)
Буково — село во Општина Неврокоп, Пиринска Македонија, во југоисточниот дел на Бугарија.
Буково | |
---|---|
Поглед кон селото | |
Координати: 41°43′N 23°43′E / 41.717° СГШ; 23.717° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Неврокоп |
Површина | |
• Вкупна | 16,593 км2 (6,407 ми2) |
Надм. вис. | 1.021 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 917 |
• Густина | 55/км2 (140/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2915 |
Повик. бр. | 0746 |
Географија и местоположба
уредиБуково е планинско село, оддалечено 21 километар северно од Неврокоп и 33 километри југоисточно од Банско. Селото се наоѓа на левата страна од реката Места.
Историја
уредиПокрај селото се наоѓа доцноантичката и средновековна тврдина Момина Кула.
Во XIX век, Буково е муслиманско село во Неврокопската каза на Османлиското Царство.
В 1891 година Георги Стрезов пишува за селото:
Буково, три часа оддалечено од Неврокоп, 1⁄2 час од Места. Дрводелци; прават катран, продаваат борина; 40 куќи, Помаци.[2]
Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век во Буково имало машко население од 170 души, кои живеат во 50 куќи.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 255 жители, сите Македонци-муслимани во 40 куќи.[4][5]
Стопанство
уредиАтарот на селото зафаќа површина од 16.5км². Пониските делови од атарот се покриени со тревна вегетација, додека на повиските делови преовладуваат шумите.[6]
Демографија
уредиСпоред пописот од 2011 година во селото имало 917 жители.[7]
На табелата е прикажан националниот состав на населението во Буково:[8]
народ | жители | % |
---|---|---|
Бугари[4] | 81 | 9,24% |
Турци | 788 | 89,85% |
Роми | 0 | 0% |
други | 0 | 0% |
не се определиле | 7 | 0,8% |
Вкупно | 877 | 100 |
На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години за периодот 1934-2011:[7]
година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
жители | 285 | 339 | 448 | 530 | 645 | 734 | 837 | 878 | 917 |
Религија
уредиЖителите на селото се Помаци - со муслиманска вероисповед. Во селото има две џамии, а поновата џамија го има највисокото минаре во Бугарија.
Самоуправа и политика
уредиПоштенски код на селото е 2915.
Културни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНадворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ Фактична состојба на населението и домовите во Бугарија според пописот од 1 февруари 2011 г. Ethnic composition, all places: 2011 census.
- ↑ Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 11.
- ↑ Стоян Райчевски – „Българите Мохамедани“. София 2004, стр. 112. ISBN 954-9308-51-0
- ↑ 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил (1970) [1894 – 1896]. „Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско“. Избрани произведения. Том I. София: Наука и изкуство. стр. 273.
- ↑ „CORINE Land Cover 2018“.
- ↑ 7,0 7,1 „Справка за населението на с. Буково, общ. Гоце Делчев, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2022-06-15. Посетено на 2018-02-04.
- ↑ „"&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
Оваа статија место во Пиринска Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |