Броме
За други значења на поимот, погл. Броме (појаснување).
Броме (германски: Brome) — општина во округот Гифхорн, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Оре, околу 25 километри североисточно од градот Волфсбург.
Броме | |
Општинското собрание на Броме | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Гифхорн |
Општ. заед. | Броме |
Месни единици | 5 |
Градоначалник | Герхард Борхерт (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 36,66 км2 |
Надм. височина | 66 м |
Население | 3.304 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 90 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | GF |
Пошт. бр. | 38465 |
Повик. бр. | 05833 |
Портал | www.brome.de |
Местоположба на Броме во рамките на округот Гифхорн | |
Координати | 52°36′0″N 10°57′0″E / 52.60000°N 10.95000°E |
Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.
Географија
уредиМестоположба
уредиОпштината Броме се наоѓа непосредно на покраинската граница со Саксонија-Анхалт. Заедно со општините Бергфелд, Ера-Лесин, Парзау, Риен, Тидише и Тилау припаѓа на истоимената општинска заедница. Низ местото тече реката Оре.
Општински единици
уредиКон општината припаѓаат следниве места:[2]
- Алтендорф (188 жит.)
- Бениц (88 жит.)
- Броме (2.576 жит.)
- Висведел (90 жит.)
- Цихери (287 жит.)
Галерија
уреди-
Замок Броме
-
Лутеранска црква во Броме
-
Езерото Оре
-
Лутеранска црква во Алтендорф
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ состојба 30 јуни 2018 г.)
Надворешни врски
уреди- Броме на Ризницата ?
- Официјална страница
Оваа статија за место во Долна Саксонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |