Бранко Тричковски
Бранко Тричковски (р. 13 јануари 1952 во Крива Паланка) – македонски новинар.
Бранко Тричковски | |
---|---|
Роден(а) | 13 јануари 1952 Крива Паланка, Македонија |
Занимање | новинар |
Активен период | 1975 - сè уште |
Страница www.frontline.mk www.globus.mk |
Кариера
уредиЗавршил Факултет за политички науки во Загреб. Со новинарство почнал во „Нова Македонија“ (1975), каде што ги минал сите професионални скалила – од помлад соработник до постојан дописник во Софија (1992/96), уредник-коментатор и помошник на главниот и одговорен уредник во период од 1997 1999 година. Во меѓувреме на работа во Македонската телевизија во период од 1985 до 1986 година. Еден од основачите на „Утрински весник“ (1999), негов прв главен и одговорен уредник. Од 2003 г. уредниккоментатор во „Утрински весник“. Прв главен и одговорен уредник на неделникот „Глобус“. Од 2019 година, тој пишува негови колумни за порталот Фронтлајн.