Боркум
Боркум (германски: Borkum; источнофризиски долносаксонски: Boarkum) — еден од 32. Фризиски Острови и град во округот Лер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Тој е еден од седумте населени Источнофризиски Острови на работ од долносаксонскиот дел од Ваденското Море во јужниот дел на Северното Море, сместен помеѓу островот Ротумерог на запад и Јист на исток.
Боркум
Borkum | ||
Боркум | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Долна Саксонија | |
Округ | Лер | |
Градоначалник | Јирген Тенјес Акерман (независен) | |
Основни податоци | ||
Површина | 30,74 км2 | |
Надм. височина | 6 м | |
Население | 5.171 (31 декември 2022)[1] | |
- Густина | 168 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | LER | |
Пошт. бр. | 26757 | |
Повик. бр. | +49 22 | |
Портал | stadt-borkum.de | |
Местоположба на градот Боркум во рамките на округот Лер | ||
Координати | 53°35′17″N 6°40′11″E / 53.58806° СГШ; 6.66972° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиБоркум е дел од Источнофризиските Острови. Како најзападен остров од архипелагот, Боркум се наоѓа помеѓу обете ракави на устието на Емс. Островот вкупно зафаќа 31 квадратен километар, долг е десет километри и широк е максимални седум километри.[2]:9
Источно се наоѓаат островите Јист, Мемерт, Брауер- и Кахелотплате, додека на западната страна се наоѓаат Западнофризиските Острови, како што е холандскиот Ротумерог. Помеѓу Боркум и Ротумерог поминува германско-холандската граница.
Оддалеченоста од холандскиот брег изнесува околу дванаесет километри, додека до германското копно околу 20 километри. Градот Боркум има околу 5.200 жители.
Преку морските струи се променувале обликот и местоположбата на островот.
Градски единици
уредиКон градот Боркум припаѓа истоименото место во западниот дел на островот, како и помалите места Остланд (во источниот дел на островот) и Реде (во југоисточниот дел на пристаништето).
Соседни општини
уредиПоради својата местоположба, Боркум нема директни соседни општини, туку само соседни острови и општини на копното. Соседни острови се Ротумерог (Холандија) на запад, како и Јист, Литје Херн, Мемерт и Кахелотплате на исток. Последните три се ненаселени острови. Кахелотплате е песочен брег, кој повеќе не е редовно поплавуван од водата и со тоа ќе стане остров.
Најблиско копно е во Холандија, од каде постои фериботска линија со тамошното пристаниште Емсхавен. На германска страна е Емден, од каде постои ферибот за Боркум. Бидејќи островот лежи доста надвор во устието на Емс, патувањето од Емден до Боркум е подолго отколку до било кој друг остров во Северното Море, освен Хелголанд.
Клима
уредиКлимата на островот Боркум е под директно влијание на Северното Море. Во просек, температурите на островот во лето се посвежи, а во зима се потопли отколку на копното.
Клима на Боркум | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Просечна максимална (°C) | 5,0 | 5,1 | 8,1 | 12,7 | 15,6 | 18,3 | 21,6 | 21,1 | 18,5 | 14,1 | 9,5 | 6,0 | 13,0 |
Просечна температура (°C) | 3,3 | 3,0 | 5,2 | 8,9 | 12,1 | 15,0 | 17,9 | 17,5 | 15,3 | 11,5 | 7,6 | 4,1 | 10,2 |
Просечна минимална (°C) | 1,2 | 0,9 | 2,3 | 5,4 | 8,7 | 11,5 | 14,4 | 14,0 | 12,2 | 8,6 | 5,4 | 2,1 | 7,3 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 70 | 45 | 47 | 29 | 59 | 61 | 101 | 118 | 66 | 91 | 73 | 84 | 844 |
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) | 20 | 17 | 15 | 12 | 14 | 14 | 17 | 19 | 16 | 19 | 20 | 22 | 205 |
Сончеви часови (дневно) | 1,51 | 2,36 | 4,87 | 7,13 | 7,74 | 7,67 | 7,67 | 6,41 | 5,00 | 3,29 | 1,80 | 1,41 | 4,7 |
Извор: Wetterdienst.de: Klima Borkum – Station Borkum-Flugplatz (3 m)[3] |
Историја
уредиПрви пишани наоди за местото среќаваме кај Страбон и Плиниј Постариот во римско време кои го нарекуваат „Остров на Гравот“ (Burchana fabaria). Во времето на Карло Велики бил дел од поголем остров наречен Бант, сочинет од денешните острови Боркум и Јист, како и западниот дел на Нордернај.
Во 1484 година, Бант преминал во сопственост на грофовите на Источна Фризија, кои ја развиле месната трговија, но посердно ги поттикнале пиратството и китоловот. Кон 1781 година, Бант се разделил на три острови поради силните бури кои беснееле во текот на тој век. Со замирањето на китоловот населението осиромашило и почнало постепено да го напушта островот, преполовувајќи се на почетокот на XIX век. Од 1834 година на Боркум почнал да се развива туризмот и со време станал важна стопанска гранка.
Боркум настанал во 1863 година со спојување на два острова кои и денес се одвоени со плитка вода во месноста Тискендер.
На 19 и 20 декември 1934 година, Вернер фон Браун на островот ги извел првите проби на ракетата A2 со прототипните проектили „Макс“ и „Мориц“.
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет се состои од 16 избрани членови, што одговара за град со број на жители помеѓу 5.001 и 6.000 жители.[4] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:
Партија | Удел на гласови | Број на места |
---|---|---|
SPD | 23,13% | 4 |
CDU | 28,85% | 4 |
Grüne | 12,72% | 2 |
Слободни гласачи Боркум | 36,31% | 6 |
Градоначалник
уредиМоментален градоначалник на градот Боркум е Јирген Тенјес Акерман (независен).
Збратимени градови
уредиБоркум е збратимен со следниве градови:
- Варфум (дел од Хет Хогеланд), Холандија (од 1989 г.)
Сообраќај
уредиНа Боркум важи делумна забрана за моторни возила во посетителската сезона, а вон сезоната сообраќајот се одвива насекаде освен во пешачките зони. На островот има само едно населено место, кое го носи истото име. Во подрачјето на Тискендер има летиште. Врска со копното се одржува со траекти до Емден во Германија и Емсхавен во Холандија, со бесплатен железнички превоз од пристаништето до гратчето.
Галерија
уреди-
Воздушен поглед на градот
-
Најсеверозападната точка на Германија
-
Дини на Боркум
-
Пристаништето
-
Главната плажа
-
Градската црква
-
Стариот светилник
-
Новиот светилник
-
Историската знаменитост „Гросес Кап“
-
Поранешната зграда на локалниот весник
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Claudia Thorenmeier: Borkums Schätze der Natur. ISBN 978-3-9812209-3-3
- ↑ Wetterdienst.de: Klima Borkum – Station Borkum-Flugplatz (3 m). Abgerufen am 5. September 2015.
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 9. Dezember 2011.
Надворешни врски
уреди- Боркум на Ризницата ?
- Службен портал на островот Боркум (германски)
- Градски портал на Боркум (германски)
- Именик на Боркум Архивирано на 23 февруари 2020 г. (германски)