Борис Танковски
Борис Спасев Танковски ( 1922 во Арачиново, Скопско — 1944 во Водно, Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно селско семејство. Основното училиште завршил во родното село, а потоа се занимавал со земјоделство. Во октомври 1944 година, стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Учествувал во сите нејзини борби против балистите на Китка и Водно. По успешните акции и борби против непријателот на овој терен, учествувал во Битката кај Треска. Во почетокот на ноември 1944 година, храбро загинал во една битка на падините на Водно.[1]