Борис Сарафов и Македонска крвава свадба
Војдан Чернодрински соработувал со Македонскиот комитет од Софија, особено по формирањето на театарската дружина Скрб и утеха. Чернодрински позајмувал пари од касата на Врховниот комитет, за потребите на неговата група. Комитетот кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, го засилил своето влијание меѓу македонската емиграција во Бугарија, а од друга страна некои од неговите членови и претседатели имале мошне интересни ставови во врска со примената на македoнскиот народен јазик во литературата и театарската дејност, ова особено се однесува на Борис Сарафов [1].
Сарафов како претседател на Врховниот македонски комитет презел серија на активности за промоција на македонското револуционерно дело, оттука го покровителствувал Чернодрински и неговата Македонска крвава свадба, која требало да ја револуционизира македонската емиграција и да ја запознае пошироката јавност со состојбите во Македонија.
На 7 ноември (стар стил) 1900 година во салонот на Славјанска беседа била одржана праизведбата на Македонска крвава свадба. Изведувањето на пиесата минала во напната атмосфера. Стефан Каракостов истакнува дека: Поради интервенција на туѓа влада кај министерот претседател Тодор Иванчев, пиесета се забранува од власта, но претставата се одржува под силна заштита на вооружени четници [2]
Софискиот градоначалник издал налог на коњичката стража да ја растури публиката, а артистите не можеле да влезат во салонот.