Богдан Кметовски
Богдан Филип Кметовски ( 1922 во Побожје, Скопско — 1945 во Побожје, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во своето родно село, по што се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Во Шеснаесеттата македонска ударна бригада стапил од самото нејзино формирање. Се борел против балистите на Скопска Црна Гора, а учествувал и во ослободувањето на Скопје. Бил ранет во последната борба против балистите во Шишево и пренесен во Скопската болница на лекување, од каде бил пуштен на домашно лекување. Од последиците на раните, починал во почетокот на 1945 година. Бил закопан на гробиштата во Побожје.[1]