Бесови (роман)
Демони или Бесови (руски: Бесы) е роман од Фјодор Достоевски издаден во 1872 година. Романот е со политичка тематика, која еден вид сведоштво за животот во Царска Русија во доцниот 19 век.
Автор | Фјодор Достоевски |
---|---|
Изворен наслов | Бесы |
Преведувач | Бранко Варошлија[1] и други. |
Земја | Русија |
Јазик | руски |
Жанр | филозофски роман |
Издадена | 1872 |
Претходна | Идиот |
Како што револиционерните демократи земаат замав во Русија во тоа време, се појавуваат различни идеологи на политичкиот и општествен руски живот. Достоевски се осврнува и на двете големи политичко-идеолошки крила, левото, т.е. либералното, и десното, т.е. конзервативното крило. Преку книгата Достоевски ги прикажува левите идеали како „демонски“[2]. Книгата има пет главни идеолошки ликови, и тоа: Верховенски, Шатов, Ставрогин, Трофимович и Кирилов.
Деветтото поглавје од вториот дел од книгата бил цензуриран и оригинално не бил издаден. Тоа поглавје е со сексуално-престапен карактер и не било дозволено истиот да се испечати. Сепак во модерните изданија и преводи и ова поглавје е вклучено.
Вовед
уредиРоманот се одвива во едно провинциско место во Русија, во близина на Санкт Петербург, односно на имотите на Степан Трофимович и Варвара Ставрогина. Синот на Степан Трофимович, Петар Верховенски, е револуционерен заговарач кој се обидува да организира круг на револуционери во областа. Тој го смета Николај Ставрогин, син на Варвара Ставрогина, како централна личност во сценариото бидејќи според Петар тој нема човечко чувство. Веховенски ги прибира заговарачите од типот на Шигалјов, Кирилов и Виргински и ја тестира нивната лојалност со тоа што им наредува да го убијат Иван Шатов. Веховенски планира да го придобие Кирилов, кој пак се согласува за соработката и така Верховенски го убива Шатов. Во тој момент неговиот план се срушува.
Ликови
уреди- Николај Всеволодович Ставрогин
- Степан Трофимович Верховенски
- Петар Степанович Верховенски
- Лизавета Николаевна
- Шигалјов
- Иван Шатов
- Варвара Ставрогина
- Липутин
- Капетанот Лебједкин
- Федка Осуденикот
- Маврики Николаевич Дроздов
- Марија Тимофеевна Лебједкин'
- Бискупот Тихон
- Алексеј Нилич Кирилов
Осврт кон романот
уредиВо романот „Бесови“ Достоевски извршил најсилен напад врз руските револуционери, споредувајќи ги со библискиот чопор свињи во кои влегле злите духови. Според него, постапките на револуционерите се поттикнати од дивите, разурнувачки инстинкти и од безграничната желба за власт.[3]
Влијание
уредиСрпската рок-група Бјесови го добила името според истоимениот роман на Достоевски.[4]
Наводи
уреди- ↑ Бесови од Фјодор Достоевски
- ↑ The introduction of Demons Trans. Pevear and Volokhonsky. New York: Vintage Classics, 1995
- ↑ Радован Лалић, „Предговор“, во: Фјодор М. Достојевски, Браћа Карамазови. Београд: Просвета, 1956, стр. XII.
- ↑ Discogs, Bjesovi (пристапено на 24.7.2021)
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Целосно сиже на книгата на англиски Архивирано на 4 февруари 2012 г.
- Демони на Проектот „Гутенберг“ на англиски
Оваа статија за книга е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |