Берјоска (руска танцова група)
Танцовиот ансамбл „Берјоска или Березка“ (на руски: Берёзка, „мала бреза“) е трупа од женски танчерки основана од руската кореографка и танчерка Надежда Надеждина во 1948 година во Советскиот Сојуз, која облечена во долги народни фустани е специјализирана за изведување движење низ сцената кои личат лебдење или лизгање. [1] Иако овој танц често се смета за форма на фолклорно танцување, нејзиниот основач еднаш изјавил: „Ората на Берјоска не се народни ора. Тие се ора чиј извор е креативниот труд на луѓето“. [2]
Лебдечкиот чекор е тежок за изведба. Според Надеждина, „ниту сите наши танчери не можат да го направат тоа. Треба да се движите со многу мали чекори на многу ниски полу-прсти со телото задржано во одредена соодветна положба.“ [2] Танчерската трупа започнала со турнеја во западните земји во 1950-тите. [3] Настапот на 22 септември 1951 година во салата на Музичката академија во Стокхолм во Шведска, на пример, привлекла преголема толпа за да може да се смести. [4]
Наводи
уреди- ↑ „Link“. dummy. United India Periodicals. 30 (2): 84. 1987.
- ↑ 2,0 2,1 ANNA KISSELGOFF (20 September 1972). „Beryozka Dancers to Glide In Tonight“. New York Times. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „NYT“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Soviet Literature. 1954. стр. 148.
- ↑ „News: A Soviet Review of World Events“. dummy. Trud (1–11): 27. 1951.