Барокна уметност
Барокна уметност е сликарството и вајарството во времето на барокот, движење често асоцирано со апсолутизмот и Противреформацијата. Меѓутоа постоењето на знаќајна барокна уметност и архитектура во неапсолутистички и протестантски земји го побива ова мислење.
Сликарство
уредиНа Тридентскиот собор (1545-63) Римокатоличката црква дала многу одговори на прашањата за внатрешна реформа поставени како од протестантите, така и од оние кои останале католици. На соборот се дискутирала и претставителната уметност, и се дошло до решение дека сликарството и вајарството во црковен контекст треба да им зборува на неписмените, а не на добро информираните.
Поради ова барокната уметност има тенденција кон прикажување на светци, Дева Марија и други добро познати библиски приказни. Според многу историчари на уметноста овој пресврот кон популистичка замисла за улогата на духовната уметност бил двигателот за иновациите на Караваџо и браќата Карачи - сите овие уметници работеле (и се натпреварувале во нарачки) во Рим околу 1600.
Меѓутоа иако религиозното сликарство, историското сликарство, алегориите и портретурата сѐ уште се сметале за најблагородните содржини, мошне чести биле и пејзажот, мртвата природа и жанровските сцени.
Барокната уметност се одликува со голема драматизација, богата и длабока боја и силни светла и сенки. Наспроти ренесансната уметност, која обично прикажува момент пред случувањето на некој настан, барокните уметници го одбирале најдраматичниот момент, моментот на самото дејствие: Микеланџело кој работел во високата ренесанса го прикажува Давид во смирена состојба пред да се бори со Голијат; Берниниевиот барокен Давид пак, е прикажан на самиот чин на фрлање на каменот. Барокната уметност имала за цел да пробуди чувства и страст наместо смирена рационалност која била ценета во ренесансата.
- Поврзано Барокно илузионистичко сликарство
Важни барокни сликари
уредиИталијански
уреди- Караваџо (1571-1610)
- Гверчино
- Анибале Карачи (1560-1609)
- Орацио Џентилески (1563-1639)
- Артемизија Џентилески (1592-1652/53)
- Агостино Карачи
- Лудовико Карачи
Португалски
уреди- Жозефа де Обидос (1630-1684)
Фламански
уреди- Петер Паул Рубенс
- Антонис ван Дајк
- Јакоб Јорданс
- Јан Пројгел Постариот
- Франс Снајдерс
- Давид Теније Помладиот
Француски
уреди- Жан де Богран (1584-1640)
- Жорж де Ла Тур (1590-1652)
- Никола Пусен (c. 1594-1665)
- Клод Лорен (1600-1682)
- Ијасент Риго (1659-1743)
Холандски
уредиШпански
уреди- Франциско Рибалта (1565 - 1628)
- Хосе де Рибера , (1591 - 1652)
- Франсиско Сурбаран (1598 - 1664)
- Диего Веласкес (1599 - 1660)
- Алонзо Кано (1601 - 1667)
- Бартоломе Естебан Муриљо (1617 - 1682)
- Хуан де Валдес Леал (1622 - 1690)
Вајарство
уредиНесомнено е дека најважниот барокен вајар е Џанлоренцо Бернини (1598-1680), кој му се доближил на Микеланџело во неговите сестрани способности. Бернини бил вајар, архитект, сликар, драматург и припремач на спектакли. Во доцниот XX век Бернини бил највреднуван за неговите склуптури, за неговата виртуозност во резбањето на мермер и неговата способност за создавање на ликови кои во едно го имаат и диховното и физичкото. Бил и одлчен портретист кого моќниците го барале да им изработува бисти.
Барокни вајари и архитекти
уреди- Џанлоренцо Бернини (1598-1680)
- Франческо Боромини (1599-1667)
- Клод Перо (1613-1688), французин