Барл Ајвс

американски музичар (1909 ― 1995)

Барл Ајкл Ајванхо Ајвс (англ. Burl Icle Ivanhoe Ives; 14 јуни 1909 ― 14 април 1995) ― американски музичар, пејач и глумец, чија кариера траела преку шест децении.

Барл Ајвс
Роден(а)Барл Ајкл Ајванхо Ајвс
14 јуни 1909(1909-06-14)
Хант Сити, Илиноис, САД
Починал(а)14 април 1995(1995-04-14) (возр. 85)
Анакортес, Вашингтон, САД
Занимање
  • Музичар
  • пејач
  • глумец
  • писател
Активен период1929–1993
Сопружник
  • Хелен Пек Ерлих (в. 1945; раз. 1971)
  • Дороти Костер Пол (в. 1971)
Деца1

Музичка кариера
Жанрови
Инструменти
  • Глас
  • гитара
  • бенџо

Ајвс кариерата ја започнал како патувачки пејач и гитарист и на крајот почнал да води свое радиошоу, The Wayfaring Stranger, кое ги популаризирало традиционалните американски фолк-песни.[1] Во 1942 година, глумел во театарскиот мјузикл „This Is the Army“ од Ирвинг Берлин и станал ѕвезда на CBS Radio. Ајвс исто така бил популарен филмски глумец во доцните 1940-ти и во 1950-тите. Глумел во филмовите: „Толку мило за моето срце“ (1948), Источно од рајот (1955), Желба под брестовите (1958), Ветер низ Еверглејдс (1958) „Мачка на жешкиот лимен покрив“ (1958) и Денот на одметникот (1959), а ја толкувал улогата на Руфус Ханаси во „Големата земја“ (1958), за која освоил Оскар за најдобра споредна машка улога. Неговата верзија од песната „Lavender Blue“ станал негов прв хит и била номинирана за Оскар за најдобра оригинална песна откако Ајвс ја претставил во филмот So Dear to My Heart (1949).

Во 1960-тите se впуштил во кантри-музика и ги снимил хитовите: „A Little Bitty Tear“ и „Funny Way of Laughin“.

Ајвс често се поврзува со божиќните празници. Го позајмил гласот на Снешкото Сем, наратор во класичниот божиќен телевизиски филм од 1964 година, Рудолф, ирвасот со црвен нос.[2] Ајвс работел и на звучниот запис за филмот, вклучувајќи ги песните: „A Holly Jolly Christmas“ и „Rudolph the Red-nosed Reindeer“, кои до ден денес пред Божик се појавуваат на празничните топ-листи од Билборд.[3]

На Ајвс, кој бил долгогодишен пушач на луле и пури, во 1994 година му бил дијагностициран рак на усната шуплина. Починал од болеста на 14 април 1995 година, во неговиот дом во Анакортес, Вашингтон, на 85-годишна возраст.

Наводи

уреди
  1. Eyerman, Ron; Barretta, Scott (August 1996). „The Folk Music Revival in the United States“. Theory & Society. New York City. 25 (4): 501–543. doi:10.1007/BF00160675. S2CID 142024250.
  2. „Cooltura.mk“. cooltura12.rssing.com. Посетено на 2024-12-06.
  3. „Holiday 100 Chart“. Billboard. January 2, 2013. Посетено на 2021-04-21.

Надворешни врски

уреди