Баренфелд
Баренфелд е кварт на градот Хамбург во Германија и припаѓа на округот Алтона. Бил независна населба до 1890. Дом е на DESY и Арената О2 World.
Баренфелд | |
Кварт во Хамбург | |
Улица во Баренфелд (во позадина деловната зграда на Hermes, Отензен) | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Хамбург |
Град | Хамбург |
Реон | Алтона |
Основни податоци | |
Површина | 11 км2 |
Население | 26.217 (16 јануари 2005) |
- Густина | 2.383 жит/км2 |
Основано | 1265 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HH |
Пошт. бр. | 22761 |
Повик. бр. | 040 |
Местоположба на Баренфелд во Хамбург | |
Координати | 53°34′0″N 9°53′0″E / 53.56667°N 9.88333°E |
Историја
уредиПрвите докази за постоењето на Баренфелд потекнуваат од 1256. Во 1890 бил припоен кон градот Алтона. Во текот на Нацистичка Германија во 1938 со Законот за голем Хамбург градот Алтона (вклучувајќи го и Баренфелд) бил припоен кон Хамбург.
Географија
уредиБаренфелд е мешавина на комерцијални и станбени зони. Во 2006 според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот имал вкупна површина од 10,9 км2. Баренфелд се наоѓа јужно од Луруп и Ајделштет, западно од Штелинген и источно од Осдорф. На југ се граничи со квартовите Отмаршен и Отензен преку пругите на градските возови.
Демографија
уредиВо 2006 во квартот Баренфелд живееле 26.434 луѓе. Густината на населеност била 2.435 жители на км2. 14,8% биле деца под 18 години и 15,5% имале 65 или повеќе години. 16,8% биле странци. 1.583 лица биле регистрирани како невработени.[1] Во 1999 постоеле 14.230 домаќинства од кои 16,8% имале деца под 18 години кои живееле со нив, а 52,3% од сите домаќинства биле составени од поединци. Просечната големина на домаќинството била 1,78.[2]
Култура
уредиИзведувачка уметност
уредиВо соседството Otto von Bahrenpark, новосоздадена областа на локацијата на стара гасна фабрика, се наоѓа театарот Lichthof Theater на улицата Mendelssohnstr. 16. Тоа е приватен театар основан во 1994 и работи како волонтерска организација. Во август 2000 театарот се преселил на локацијата во Mendelssohnstrasse со нова сала за околу 100 гледачи.[3]
Гробишта
уредиГлавните гробишта на Алтона Altonaer Hauptfriedhof се наоѓаат кај Altonaer Volkspark.
Паркови
уредиВо Баренфелд се наоѓа Altonaer Volkspark. Големата зона за одмор (205 хектари) е основана во 1920.[4][5]
Помалиот Bonepark се наоѓа помеѓу автопатот 7, сојузниот автопат 431 и локален пат.
Спорт
уредиТрабренбан Баренфелд е арена за тркање со коњи. Основана во 1874, исто така служи и како место за музички концерти. Била една од локациите за турнејата на Ролинг Стоунси во 1998. Во северниот дел на Алтонаер Фолкспарк е О2 World (Хамбург), дом на Hamburg Freezers и HSH Нордбанк Арена, дом на HSV Handball. Соседниот Volksparkstadion е дом на фудбалскиот дел на клубот Hamburger SV. Друг клуб е Bahrenfelder SV.
Образование
уредиПостојат 4 основни и 2 средни училишта во квартот и 30 доктори во приватни ординации и 5 аптеки.[6] Делови на светски познатиот истражувачки центар DESY за физика на основните честички, основан во 1959, се наоѓаат во квартот.
Сообраќај
уредиБаренфелд е опслужуван од железничкиот систем на градските возови преку станицата Баренфелд и станицата Дибштајх.
Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 8.942 приватни возила (337 возила на 1000 луѓе).[6]
Во Баренфелд е излезот Хамбург-Баренфелд на автопатот 7/E45. На оваа точка сојузниот автопат 431 го поминува автопатот, поврзувајќи ја Алтона со Мелдорф во Шлезвиг-Холштајн.
Наводи
уреди- ↑ Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
- ↑ Website Lichthof theatre (Посетено на May 14, 2008)
- ↑ Paul Th. Hoffmann: Neues Altona 1919-1929. Zehn Jahre Aufbau einer deutschen Großstadt. 2 Bde., Jena 1929 (E. Diederichs) (германски)
- ↑ Umweltbehörde Hamburg (Hg.), bearb. v. Lars Ruge: 75 Jahre Volkspark Altona. Ein Parkführer. Hamburg 1995 (германски)
- ↑ 6,0 6,1 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Literature
уреди- Martin Wendt, Wie Bahrenfeld wurde. Von der Steinzeit bis heute - die Chronik eines Hamburger Stadtteils., in: 750 Jahre Bahrenfeld, Hamburg 2006 (Festschrift, hg. v. Bürgerverein Bahrenfeld) (германски)
- Johanna Wolff, Spaziergänge durch Bahrenfeld. Hamburg 1990 (Ergebnisse) (германски)
Надворешни врски
уреди„Баренфелд“ на Ризницата ? |
- Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Архивирано на 17 јуни 2008 г. Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница (германски)
- Страница на театарот Лихтхоф (германски)