Банкет
Банкет — огромен јавен оброк или гозба, исполнет со исклучиво главни јадења и десерти. Најчесто се приредува по некој повод, како собирање средства за хуманитарни цели, за некоја церемонија или порслава. Банкетите најчесто се придружувани од нечиј говор во чест на некого или во чест на нешто.
Историја на банкетите
уредиБанкетите се користени како деловни прослави со илјадници години. Средновековните кралеви често приредувале банкети по повод нечиј роденден или празник. Банкетите биле приредувани со голема гозба и музика. Често кралевите на банкети го повикувале и народото по повод некој празник или манифестација.
Видови банкети
уредиОд време на време, спортските асоциации приредуваат спортски банкети за да ги поттикнат играчите или едноставно само за да ги опуштат играчите и тренерите. Понекогаш се приредуваат банкети на крајот на сезоната за да се наградат одредени играчи за нивните успеси низ целата сезона. Покрај спортските банкети се приредуваат и деловни банкети. Деловните банкети најчесто се приредуваат од страна на стопанствениците кога треба да склучат договор со некој партнер. Слични со деловните банкети се и конференциските банкети кои се приредуваат на крајот од некој вид конференција најчесто по академски конференции. На Хаваиите се приредуваат посебен вид на банкети наречени Луау.
Банкетот како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Банкет“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.[1]
- „Просјачки банкет“ (Beggars Banquet) - албум на британската рок-група „Ролинг Стонс“ од 1968 година.[2]
- „Банкет“ (Banquet) - албум на џез-рок групата Lucifer's Friend од 1974 година.[3]
- „Банкет“ (Banquet) - песна на британската рок-група „Блок Парти“ (Bloc Party) од 2005 година.[4]
Наводи
уреди- ↑ Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 81-82.
- ↑ Discogs, The Rolling Stones – Beggars Banquet (пристапено на 24.2.2018)
- ↑ Discogs, Lucifer's Friend – Banquet (пристапено на 24.2.2018)
- ↑ Discogs, Bloc Party – Banquet (пристапено на 24.2.2018)
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |