Балинци
Балинци — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово. Селото е скоро целосно споено со соседното Брајковци.
Балинци | |
Воздушен поглед на селото | |
Координати 41°17′18″N 22°30′51″E / 41.28833° СГШ; 22.51417° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Валандово |
Област | Бојмија |
Население | 366 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2460 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 04001 |
Надм. вис. | 105 м |
Балинци на општинската карта Атарот на Балинци во рамките на општината | |
Балинци на Ризницата |
Потекло и значење на името
уредиИмето на селото првпат се сретнува во турски документи во XVI век. Името на селото потекнува од именски форми од македонскиот јазик, односно од топонимската синтагма: Балин Дол кое е придавно образување од личното име Балин, Бало,-а кое доаѓа од имињата Балдовин, Братислав, Братољуб, Благомир и Благољуб. Како второ објаснување е семејното име Балинци што доаѓа од атрибутската синтагма Балини/Балинји (Балинови) што повторно се поврзува со личното име Балин.[2]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Валандово, во средишниот дел на плодното Валандовско Поле, чиј атар на тесен дел се допира со подрачјето на Општина Гевгелија.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 105 метри. Од градот Валандово, селото е оддалечено 5,5 километри.[3]
Низ селото поминува регионалниот пат 1401, кој ја поврзува Струмица со селото Марвинци.
Историја
уредиСелото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[4]
Стопанство
уредиАтарот на селото не е многу голем и зафаќа простор од 5,5 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 294,2 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 178,4 хектари, додека на пасиштата 34,4 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото имало земјоделска задруга, а денес има продавници и угостителски објекти.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 23 домаќинства со 85 жители христијани.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Балинци живееле 150 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Балинци имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[8]
Во 1961 година селото било мало и броело 280 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 333 жители, од кои 241 Македонец, 84 Срби, а осум жители Роми.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Балинци имало 328 жители, од кои 242 Македонци, 78 Срби, 7 Роми и 1 останат.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 366 жители, од кои 281 Македонец, 82 Срби и 3 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 150 | 144 | 266 | 297 | 280 | 284 | 332 | 337 | 333 | 328 | 366 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Општествени установи
уреди- Дом на култура
- Месна заедница
Самоуправа и политика
уредиНа крајот од XIX век, Балинци било македонско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Балинци се наоѓале градот Валандово и селата Брајковци, Грчиште, Марвинци, Пирава, Раброво и Честово. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Марвинци, во која влегувале селата Балинци, Брајковци, Грчиште и Марвинци.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 0293 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 270 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 279 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[18]
- Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква
Галерија
уреди-
Дом на културата во селото
-
Објект во селото
-
Поглед на главната селска црква
-
Влезот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 33. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 17.
- ↑ Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 192-193.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 163.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 100-101.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 јули 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ https://rezultati2021lokalni1krug.sec.mk/mk/mayr/r/11-400. Посетено на 19 јануари 2024. Отсутно или празно
|title=
(help)[мртва врска] - ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.