Бад Шлема
Бад Шлема (германски: Bad Schlema) — општина во округот Рудни Планини, во Саксонија, Германија и припаѓа на Лигата на градови Зилберберг (Städtebund Silberberg). Низ градот поминува сребрениот пат (Silberstraße). Општината го развива нејзиниот туристички сектор, покрај сите нејзини бањски објекти.
Бад Шлема | |
Административна зграда во Бад Шлема | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Рудни Планини |
Градоначалник | Јенс Милер (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 15,53 км2 |
Надм. височина | 357 м |
Население | 5.451 (31 декември 2006) |
- Густина | 351 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | ERZ |
Пошт. бр. | 08301 |
Повик. бр. | 03772 |
Портал | www.kurort-schlema.de |
Местоположба на Бад Шлема во рамките на округот Рудни Планини | |
Координати | 50°37′N 12°40′E / 50.617°N 12.667°E |
Географија
уредиСоставни делови на Бад Шлема се Обершлема, Нидершлема и Вилдбах.
Историја
уредиДенес, општината Бад Шлема е спој на две поранешни различни делови на Нидершлема и Обершлема, што се случило во 1958 година. Од 1994 година, општината Вилдбах е исто така припоена кон новата општина.
Во текот на минатите 800 години, двата дела станале познати по рудните богатство на железо, бакар, сребро и ураниум. Во времето на индустријализација, биле основани многу семејни фабрики, кои станале познати низ цела Германија. По откривањето на сината боја од кобалт од страна на Кристоф Ширер, во Обершлема започнал со работа најголемиот светски производител на сина боја од кобалт, со 42 објекти. По отворањето на богатите извори на радон во Маркс-Землер-Штолн (ридски рудник) во Обершлема помеѓу 1908 и 1912, светската најбогата бања била развиена по 1918 година. Само 10 години подоцна, била вброена помеѓу најважните бањи во Германија (во 1943, имала повеќе од 17.000 посетители). Рудникот за ураниум бил преземен од советските окупациски сили по 1946, бањата и општината Обершлема биле скоро уништена до 1952. Од 1990 година, советско-германската корпорација Визмут (Sowjetisch-Deutsche Aktiengesellschaft Wismut, ископала повеќе од 80.000 тони ураниум од долината Шлема и соседната долина Мулде.
Откако рударството завршило, градоначалникот, Конрад Барт, организирал обновување на градот како бањски град, што било реализирано во 1998, кога новата Kurhaus („бања“) била отворена. Новоотворената бања сега ја посетуваат повеќе од 1.200 посетители.
На 18 јануари 2005, саксонската покраинска влада службено го прогласила градот со Bad (буквално „бања“), откако била признаена како бања на 29 октомври 2004 година. Така, Бад Шлеме станала првата општина што го добила описот Bad од 1990 година.
Население
уредиСите следни бројки се однесуваат на 31 декември во дадената година.
1982 to 1988
|
1989 to 1995
|
1996 to 2002
|
2003 to 2006
|
- Извор: Statistisches Landesamt des Freistaates Sachsen
Политика
уредиОпштинско партнерство
уредиБад Шлема одржува партнерство со Рехбергхаузен во Баден-Виртемберг.
Култура и знаменитости
уредиМузеи
уреди- Traditionsstätte des Sächsisch-Thüringischen Uranerzbergbaus (Саксонско-тириншко историско место за ископување на ураниум)
Музика
уреди- Хор Зилбербах
Познати луѓе
уреди- Карстен Шпек (р. 196) — забавувач и глумец
- Рико Грос (р. 1970) — биатлонец
- Јоханес Унгер (р. 1976) — оргулар
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Бад Шлема на Ризницата ?
- Службена страница