Бад Олдесло
Бад Олдесло (германски: Bad Oldesloe) — град и во јужниот дел на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Градот претставува административен центар на округот Штормарн. Воедно, градот е и административно седиште на општинската заедница Бад Олдесло-Ланд, иако самиот град не е дел од заедница.
Бад Олдесло | |
Старото Градско собрание на Бад Олдесло | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Штормарн |
Градоначалник | Тасило фон Бари |
Основни податоци | |
Површина | 52,60 км2 |
Надм. височина | 9 м |
Население | 24.935 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 474 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OD |
Пошт. бр. | 23831–23843 |
Повик. бр. | 04531 |
Портал | www.badoldesloe.eu |
Местоположба на градот Бад Олдесло во рамките на округот Штормарн | |
Координати | 53°48′42″N 10°22′27″E / 53.81167° СГШ; 10.37417° ИГД |
Историја
уредиОбласта била населена уште од мезолитот. Пронајдените кремени алатки од тоа време (6000 - 4500 п.н.е.) се јасен доказ за постоењето на животот на овие простори. Неколку години во текот на XVIII век Моравската црква имала свој огранок во Бад Олдесло. Бил наречен „Пилгеру“. Престанал со работа поради проблемите со данските црковни власти. Во тоа време, Војводството Холштајн било владеено од данскиот крал во рамките на Светото Римско Царство.
Градби
уредиКуќа од XVI век: Споменик за Мено Симонс, основач на Менонитите, група на анабаптисти. Некои од неговите дела биле испечатени во оваа градба.
Меѓународни односи
уредиБад Олдесло е збратимен со следниве градови:
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Бад Олдесло на Ризницата ?
- Официјална страница